Еврозоната со позитивни резултати, невработеноста бележи пад!
Објавено во: Економија 05 Април, 2016 10:09
Акциите на европските берзи пораснаа, бидејќи позитивните податоци од еврозоната го неутрализираа обновувањето на загриженоста поради слабата јапонска економија.
Пред пладне, лондонскиот индекс на акции FTSE 100 пораснал за 0,5 одсто, на 6.147,03 поени, франкфуртски DAХ 30 за 0,4 одсто на 9.834,83 поени, а париски КАК 40 за 0,3 одсто, на 4.334,67 поени, пренесе Франс прес.
„Берзанските индекси продолжуваат да растат во очекување на подолг период на задржување на ниските каматни стапки во САД“, изјави аналитичарот на компанијата Оанда, Крег Ерлам.
На скокот на европските акции допринесе извештајот на европските служби за статистика Евростат, кој покажал дека стапката на невработеност во еврозоната во февруари паднала на 10,3 одсто, најниско ниво за последните четири и пол години.
На валутните берзи, еврото зајакна на 1,1408 долари од 1,1393 долари од петокотм а доларот ослабна на 111,36 јени.
Во САД, само пет минути по отворањето на берзата, американските берзански индекси воглавно паднаа, при што индустрискиот Дау Џонс „се лизна“ за 0,12 одсто. S&P 500 зa 0,13 одсто а технолошкиот Nasdak за 0,10 одсто.
Кога веќе сме кај еврозоната да споменеме дека невработеноста бележи пад.
Податоците на Евростат покажаа дека во јануари била 10,4% а веќе во февруари паднала еден процент до 10,3%.
Во споредба со податоците од лани пак, во февруари 2015 уделот на невработените во ЕУ беше 11,2%.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




