Еврозоната во проблеми, го губи темпото
Објавено во: Економија 23 Мај, 2016 14:34
Растот на активноста во приватниот сектор во еврозоната во мај неочекувано запрел, што сигнализира дека силното темпо на раст од почетокот на годината нема да се задржи.
Индексот на менаџерите за набавка за еврозоната, кој го пресметува лондонската компанија Маркит, паднал на 52,9 поени во мај од априлските 53 поени, додека економистите кои ги анкетирал Блумберг очекувале раст на индексот на 53,2 поени.
ПМИ за активност во услужниот сектор се задржал на 53,1 поедни, додека ПМИ за преработувачката индустрија паднал на 52,4 поени од 52,6 поени.
Податоците над 50 поени означуваат експанзија на активноста, а под таа граница значат пад.
Бруто домашниот производ на еврозоната во првото овогодишно тромесечје пораснал за 0,5 одсто, најбрзо темпо за последните година дена, но инфлацијата е понатаму е на ниско ниво, и покрај кратењето на каматните стапки и големиот програм на откуп на активи кој го покрена ЕЦБ со цел подигање на инфлацијата.
„Силното темпо на економски раст од првото тромесечие ќе се покаже како привремен, бидејќи анкетата покажува дека регионот е заглавен во фаза на ниска стапка на раст“, изјавил главниот економист на Маркит, Крис Влијамсон.
Дури и покрај ниските цени, темпото на раст на нови порачки падна на најниска стапка од јануари лани и не дошло до забрзување на активноста во клучниот сектор на услуги.
Иако ПМИ за Германија и Франција укажал на забрзување на растот на активноста во приватниот сектор , тој раст во остатокот од регионт се оладил, порачуваат од Маркит.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




