Евтини карти-високи цени: На што се троши во авионите?!
Објавено во: Анализа 08 Октомври, 2013 10:16
Авиокомпаниите без дилема ги имаат многу намалено цените на нивните услуги. Големата конкуренција и мобилност на населениото предизвика цените да паднат и компаниите да бараат дополнителни начини како да си ги зголемат приходите за време на летот.
Истражувањата во кои партиципирале 53 авиокомпании во светот покажале дека од дополнителни продажби (значи надвор од картата) се остваруваат 27 милијарди долари или два пати повеќе отколку од 2012 година.
За да гледате филм ви се потребни слушалки, и да не заборавиме ви треба и филм кој ќе може да го гледате. Се изнајмуваат таблети за кои секако исто така се наплаќа.
Сепак најголеми заработки се прават на пијалоци и храна. Скоро 60% од овие приходи отпаѓаат на пијалоците, близу 40% на храната, додека остатокот е на останати услуги, од типот на филмови, слушалки и слично.
Логично најмногу се трошат пари на летовите кои траат повеќе од 2 и пол часови. Впрочем доколку нешто ви се пие можеби ќе се воздржите, но на долг пат тешко дека нема да се решите нешто да се напиете или да каснете.
А кога сме кај пиењето убедливо најпрофитабилни се летовите во Лас Вегас (анализата за овој дел е само за САД). И ова веројатно е логично со оглед на тоа дека сите кои одат во Вегас одат за забавава, а забавата за добар дел од патниците започнува во авионот. Забележете дека се работи за летовите кои се до Вегас, летовите од Вегас се значително понепрофитабилни гледано од овој аспект. Веројатно погодувате зошто е тоа така.
Сепак генерално гледано ваквите услуги ги користат само 12% од патниците. Најмногу се троши во четвртоците, овие се во основа деновите во кои патниците најмногу се враќаат дома и се најрелаксирани. Деновите после празниците најмалку се пие во авион, веројатно бидејќи таа активност се завршила на земјата.
Голем дел од компаниите на клиентите им нудат можност да прават и купувања на производи од друг тип, во основа обидувајќи се да направат тровски во авионите. Но предвидувањата се дека ваквите продажби тешко дека може да успеат и да придонесат позначително во зголемување на приходите.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени






