05 Декември, 2025
0.0338

Facebook има два, Google само еден милион!

Објавено во: Анализа 27 Февруари, 2015 10:54

Добивај вести на Viber

Facebook објави дека нејзините активни рекламни огласувачи се зголеми до 2 милиони, што претставува зголемување за 33% во однос на јули 2014 година, кога беа 1,5 милиони. За активни рекламни огласувачи се сметаат оние кои во изминатите 30 дена го објавиле својот оглас во рамките на социјалната платформа. Поголемиот дел од нив се мали и средни претпријатија. "Сопствениците на мали претпријатија се навистина тешко да се освојат и обично немаат големи технички знаења", посочува главниот оперативен директор на Facebook Шерил Сенберг. Според нејзините зборови 30 милиони мали компании имаат свои страници на социјалната мрежа. Facebook пушти и мобилна апликација за рекламните корисници, што тие ги користат за да управуваат со своите кампањи. 80% од новопримените рекламни корисници во четвртиот квартал на 2014 година почнаа кампањи со одликување на публикација. Facebook не го открива точниот број на рекламни корисници од мал бизнис и колку се големите, но наведува дека првите имаат тенденција да трошат во просек меѓу 5 и 50 долари на ден. Големите, од своја страна трошат милиони. fb sl Сенберг наведува дека најбрз раст има на малите рекламни корисници од Европа, Блискиот Исток, Африка и азиско-пацифичкиот регион. Привлекувањето на повеќе рекламни корисници на нејзините платформи е од клучно значење за Facebook, бидејќи компанијата се обидува да го подигне глобалното влијание. Во четвртото фискално тримесечје приходите на Facebook забележаа раст со 49 отсто, достигнувајќи 3,85 милијарди долари во однос на истиот период претходната година. На мобилни рекламирање се паѓаат 69% од рекламните приходи. Google е светски лидер на пазарот на дигитални реклами, а пазарното учество и е 31,1% според eMarketer. Уделот на компанијата сепак е намален малку од 2013 година, кога беше 33,6%. Од своја страна Facebook го зголеми својот од 5,8% во 2013 година до 7,8% во 2014 година, според eMarketer. Не е познато точно колку рекламни корисници има Google во моментов. Во 2007 година компанијата изјави дека се 1 милион. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени