05 Декември, 2025
0.0875

Facebook руши рекорди по одличните финансиски резултати

Објавено во: Анализа 31 Јануари, 2014 09:14

Добивај вести на Viber

Силни финансиски извештаи и добри макроекономски податоци беа причина за сериозното живост на берзите во САД. Статистиката покажа раст на американската економија од 3,2% во последниот квартал на 2013 година. Зголемувањето е благодарение на домашната потрошувачка и извозот. Најдобри финансиски резултати ги натераа инвеститорите да заборават на вчерашните разочарувања од активностите на федерални резерви. Вистински шокови предизвика финансискиот извештај на Facebook. Акциите на социјалната мрежа за кратко се тргуваа на историскиот врв од 62,50 долари за кеш. Тогаш беше забалежан и раст од 17%, што е едно од најдобрите остварувања за компанијата од 25 јули 2013 година, кога беше забележано 29-процентно дневно поскапување на акциите. Општо земено технолошките гиганти Facebook, Twitter и Google се меѓу најголемите профитабилци вчера и нивното претставување доведе и до значително зголемување на вредноста на Nasdaq . Индексот се зголеми со 1,77 % до ниво од 4 123,13 поени на крајот на сесијата.Тоа е најголем дневен раст од 10 октомври 2013 година наваму . За Twitter поскапувањето на акциите е во рамките на околу 7 отсто, а трговијата се врши на ниво од 63,50 долари за кеш. Веста за продажба на Motorola доведе до раст на цената на акциите на Google. Трговијата се врши на ниво од 1 149 долари за број или пораст од 3,89 долари за кеш. S & P 500 ги избриша сите загуби, забележани уште од почетокот на неделава,пишува  Market Watch. Вредноста на индексот достигна 17 94,19 поени, што е зголемување од 1,13 отсто. Повеќе ограничен е растот на Dow Jones, чија вредност на крајот од седницата е 15 848,61 поени, што значи зголемување од 0,7%. Меѓу најголемите губитници во составот на сините чипови е нафтената компанија Exxon Mobil. Профитот на компанијата се намалува за 27%, поради намалувањето на приносот со 1,8% во последниот квартал на 2013 година. Акциите на Exxon поевтинија со 1,3% до цена од нешто под 94 долари за кеш.   К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени