29 Септември, 2024
0.0314

Facebook сеуште е далеку зад моќта на телевизијата

Објавено во: Анализа 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Бизнис моделот на Facebook предизвикува интерес, уште откако се појавија недоумици околу одржливоста на бизнисот со мобилни реклами, инвеститорите беа сериозно загрижени за гардеробата на главниот извршен директор Марк Цукерберг, а компанијата се чинеше дека сама тестира дали социјалните мрежи на крајот се навистина добар бизнис. Во последно време сепак таа успеа да ја отстрани напнатоста од своите извештаи на квартално ниво. Компанијата ги објави финансиските резултати, со кои ги надмина очекувањата на пазарот во однос на приходите од продажба (2,91 милијарди долари), и обемот на корисничката база (1,32 милијарди месечно активни корисници). Можеби повеќе забележителни се покажаа податоците посветени на тоа колку време во просек троши еден Американец, разгледувајќи ги информациите на Facebook - 40 минути. Тоа е ништо во споредба со телевизијата. Американците трошат повеќе од пет часа на ден во гледање телевизија. Американското биро за труд преку својата статистика откри кои се работите на кои просечниот Американец троши помалку време отколку на социјалната мрежа. Меѓу останатите во листата се рангираат грижата за миленичето (39 минути), прегледување на пораките (33 минути), прегледување на традиционалните писма (17 минути). Минатиот јуни Facebook имаше во просек по 128 милиони дневни посетители од САД. Ова претставува околу 40% од населението на земјата. Помалку од 40% од Американците ги прават следните работи секој ден, покажува истражувањето на Бирото за труд и нивната статистика: Купуваат стока за широка потрошувачка - 39%; Патуваат до работа - 35%; Вршат домашни задолженија - 34%; Учествуваат во организациски, граѓански или верски активности - 14%. К.К.