29 Септември, 2024
0.0315

FACEBOOK ЗА СИТЕ: Цукерберг бесплатно го освојува светот

Објавено во: Анализа 16 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемата во светот социјална мрежа Facebook промовира план да со кој сака да им обезбеди на повеќе луѓе во земјите во развој пристап до интернет. Главниот извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг и колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос го објавија почетокот на проектот App Internet.org во јужноамериканската земја. Клиентите на мобилниот оператор Tigo ќе можат во иднина да добиваат бесплатен пристап од мобилни телефони до Facebook, Messenger, Wikipedia и владини односно сајтови на државните институции. Во потрага по нови клиенти Facebook има намера да натера милијарди нови корисници да поминат онлајн. Колумбија е четврта земја која Зукерберг ја посетува во рамките на својот проект Internet.org. Целта е двете третини од светското население, кои сè се уште офлајн, да ги открие мрежата. Програмата веќе се одвива во Замбија, Кенија и Танзанија. Свјата прва посета во Колумбија Цукерберг ја користи и за јавна дискусија со корисниците на Facebook. Ова е прва ваква дискусија надвор од САД. Потегот кој го прави Цукерберг не е за изненадување, бидејки ова тој го најави уште во окотомври кога беше промовирана програмата за развој на неговата компанија која ги руши сите можни рекорди. Планот е така и да продолжи. Главниот финансиски директор Дејвид Венера и извршниот директор Марк Цукерберг тогаш посочија дека следната година Facebook ќе преземе агресивни инвестиции во таленти и технологијата за рекламирање. Во општи црти тој сака Facebook да располага со хетерогени производи - WhatsApp, Messenger, Search, Video, NewsFeed, Oculus и Instagram, секој од кои да поврзува 1 милијарда корисници. Откако ќе се засилат и прошират доволно Цукерберг има намера да започне агресивно да ги продава. Во својата долгорочна стратегија за претстојната деценија компанијата ќе се фокусира на реализација на фундаменталните промени потребни за остварување на мисијата на компанијата, имено - поврзување на целиот свет и развој на новата генерација на платформи, особено во сферата на пресметките. K.K.