29 Септември, 2024
0.0225

Факсот е жив… и владее со светот!

Објавено во: Анализа 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

WhatsApp, Facebook или Twitter? Се разбира, Мартин Хагер има слушнато за сите нив. И ги користи. Но шефот и сопственик на минхенската IT-компанија Retarus заработува пари со комуникациски форми од минатите децении - со факс, SMS и e-mail. Посочени од специјалистите како одамна мртви, старите технологии и донесоа на Retarus фронтален раст. Со речиси една петтина до речиси 50 милиони евра се зголемија приходите од продажбата на компанијата во последната финансиска година. До 9 000 факса секоја минута поминуваат низ централниот сервер на семејната компанија, вкупно по 3 милиони на ден. Retarus се грижи за преносот на страниците, а самите факс машини се од други производители. "Светот зборува за шампањ, но пие вино", вака го опишува шефот на компанијата Хагер својот бизнис пред Handelsblatt. Со други зборови - социјалните мрежи се пријатни и корисни. Но кога ќе потпреме до бизнисот, многу компании се уште се потпираат на традиционалните технологии, и повеќе особено на факсот. "Тоа е докажана, стандардизирана и пред сè законски утврдена технологија", вели Хагер. Дури динамични стартапи како давателот на пратки Lieferheld не се откажуваат од хартијата. Многу слични добавувачи испраќаат секој ден илјадници нарачки на клиентите по факс на поврзаните ресторани и го користат серверот на Retarus. Причината е едноставна: во повеќето кујни нема ниту смартфони ниту таблети, во тенџерињата и рерната и онака тие не се корисни, а и возачите не би можеле да си дозволат често такви уреди. Да, дури и SMS-ите остануваат живи во Retarus. На пример специјалистот во сферата на оптика Apollo секогаш праќа кратки пораки на телефоните на клиенти кога можат да си зги емат очилата или контактните леќи во некоја од нејзините 800 филијали во цела Германија. И компанијата за rent-a-car Sixt ги информира своите клиенти преку SMS. Услугата се презема токму од Retarus. И тоа не е сè. Имајки го предвид бумот на пораки и услуги како WhatsApp и електронската поштата се смета за застарена технологија. Сепак и овој бизнис расте кај Retarus. Големите IT-компании се повлекоа од инаку пропаднатиот во целина бизнис. Google ја затворија својата услуга Postini пред две години. Интернет гигантот го имаше купено добавувачот на решенија за безбедност при онлајн комуникации за 625 милиони долари во готово во 2007 година со идејата да завладеат со пазарот на e-mail за корпоративни клиенти. К.К.