19 Декември, 2025
0.0466

Факти кои можеби не сте ги знаеле за Катар

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2022 21:01

Добивај вести на Viber

Катар е една од најбогатите држави на светот.

Поради Светското првенство во фудбал оваа земја е во центарот на вниманието. 

1. Катар е опкружен со пустина. Односно, оваа држава е создадена во пустина, поради што немаат слатка вода, па мораат да дестилираат морска за да имаат вода за пиење. Чистата вода е најскапиот пијалак во Катар.

2. Власта е во рацете на емиратите и тоа со децении. Овде владее апсолутна монархија, а куќата Тани владее со Катар од 1868 година, по завршувањето на катарско-бахренската војна. Сегашниот емир е Тамим бин Хамад ал Танин, кој владее со земјата од 2013 година. А неговата мајка Моза, втората жена на шеикот Хамад, веројатно е најбогатата жена на светот.

3. 99 отсто од жителите на Катар се граѓани на Доха. Според статистиката, 9 од 10 жители на Катар, живеат во Доха.

4. Сета храна во Катар се увезува од други земји, бидејќи тие немаат обработливи површини.

5. Алкохолот е забранет во Катар.

6. Катар е втората најбезбедна земја во светот. Катар има втора најниска стапка на криминал во светот, веднаш по Абу Даби.

7. Бројот на мажи е значително поголем од бројот на жени, на секои тројца мажи има по една жена.

8. Катар е една од најбогатите земји во светот. Голем дел од богатството потекнува од нафтата и природниот гас, кои сочинуваат повеќе од 60 отсто од БДП. Неколку години по ред, Катар е првата земја во светот во однос на бруто домашниот производ по глава на жител. На листата е пред Луксембург, Сингапур, Брунеј. Звучи нереално, но пред само 70 години, ова било едно од најсиромашните земји на планетата. Жителите на Катар, кој тогаш бил британски протекторат, живееле од риболов и продажба на бисерни школки.

9. Кон крајот на 1930-тите во малото место Духан, на западот од земјата, се појавила нафтата. Катар почнал да му ја продава на светот и оттогаш повеќе ништо не било исто. Меѓутоа, вистинскиот развој почнал во 1970-тите години. Катар во 1971 година добил независност од Велика Британија, а тие години во Персиските залив било откриено најголемото поединечно наоѓалиште на природен гас во светот. Енергентот што некогаш се сметал за речиси безвреден, прекуноќ ја трансформирал земјата и го направил од Катар тоа што го гледаме денес.

10. Во последните две децении, членовите на владејачкото семејство Ал Тани вложиле многу пари во уметноста и културата. Катар денес е еден од најголемите купувачи на уметнички дела во светот. Речиси 10.000 експонати од целиот исламски свет се наоѓаат во Музејот на исламска уметност, зграда сместена на вештачки полуостров која гледа на модерната Доха. 

Инаку, Катар има и свој „град на духови“ кој е атракција за странците.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ