Факти кои не сте ги знаеле за поврзаноста на економијата и фудбалот!
Објавено во: Анализа 16 Јуни, 2014 08:08
Факт 1: Титулата им дава крилја на берзите
Дали берзанските играчи се фудбалски навивачи? Барем во земјата на победникот изгледа е така. Ако една нација го освои турнирот, на нејзиниот берзански пазар ќе се оствари профит. Тоа барем го покажуваат пресметките на инвестициската банка Goldman Sachs. "Просечниот водечкиот индекс во земјата победник е за 3,5% повисок од глобалниот пазар", пишува банката во истражувањето направено за првенствата. Ефектот сепак е минливи и продолжува до еден месец.
Факт 2: Титулата е штетна за пазарот на акции
Еуфоријата на берзата на земјата победник поминува брзо. Потоа насоката е надолу. Просечниот индекс во земјата која станала шампион, забележува пад од 4% во однос на светскиот пазар во годината по Мундијалот.
Факт 3: Економијата ја насетува победата
Економијата на земјата, која е светски шампион, се развива изненадувачки добро во годините пред првенството. Според Goldman Sachs во овие земји БДП по глава на жител расте во годините пред трката со просек 2,7 отсто годишно.
Патем, Goldman Sachs се обложува на тоа дека Бразил ќе стане шампион. Врз основа на економските модели инвестициската банка ги пресметува шансите на кариоките за титула на 48,5 отсто.
Факт 4: Земјоделство како фактор на успехот
Големи површини обработливо земјиште и успех во фудбалот - овие два фактори се тесно испреплетени во историјата на светските првенства. Земјите кои имаат многу земјоделско земјиште изнесуваат над просечен успех на турнирот. Најнапред во овој поглед се Бразил и Аргентина. Германија е исклучок, што го потврдува правилото.
Факт 5: Инфлацијата на головите
Колку е голем бројот на головите, со толку ќе се зголеми и инфлацијата. Во првата половина на 20-тиот век на фудбалските натпревари од турнирите се постигнуваа во просек по 4-5 гола; во исто време луѓето се бореле со екстремно високи стапки на инфлација. Денес инфлацијата е умерена - како и просечниот број на головите на натпревар - два до три гола на средбата.
Факт 6: Глобализацијата го прави Светското првенство масовен турнир
Светското првенство е огледало на глобализацијата. На првото првенство во 1930 година во Уругвај учествуваа само 13 земји, денес се 32. Бројот на учесниците растеше паралелно со растот на светската трговија.
Факт 7: Првенството како извор на пари
ФИФА ќе им подарите за Мундијалот речиси 360 милиони долари на учесниците. Секој фудбалски сојуз ќе добие субвенција од околу 1,1 милиони евра. Покрај тоа може да има премии за успех во износ од помеѓу 6 и 26 милиони евра - во зависност од тоа каде ќе дојде екипата.
Факт 8: ФИФА ќе собере доста пари
И покрај огромните награди светската фудбалска организација ќе прибере доста пари. За време на турнирот во 2010 година таа освои 1,7 милијарди евра.
Факт 9: Откажување од Светското првенство е нездраво прескапо
Колку поскапо е откажувањето од одржувањето на Мундијалот не може да се каже со точност. Но колку би платил осигурителот, е јасно отсега. ФИФА го осигурува првенството за 900 милиони долари. Покриеност вклучува и терористички напади, природни катастрофи или немири.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





