16 Јануари, 2025
0.0410

ФАКТОГРАФИЈА: Сите македонски влади за 18 години изградиле 161 километри автопатишта!

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Вкупно 161,4 километри автопат се изградени во Македонија за 18 години. Односно во периодот  од 1994 до 2012 година, во земјава се инвестирани околу 230 милиони евра за изградба на автопати низ целата држава.   Во 1994 година, изградена е делницата на граничниот премин Табановце во должина од 1,1 километар за што се платени 658 илјади евра. Во 1995 година завршена е делницата Миладиновци –Хиподром,во должина од 10 километри за што се платени 13,3 милиони евра. Делницата кај   Гевгелија на граница со Грција, во должина од 4,6 километри е завршена во 1999 година и за тоа се платени 106 илјади евра. Во 1999 година завршена е и делницата Стоби-Неготино, во должина од 16 километри за сума од 15,6 милиони евра. Истата, 1999 година завршена е и делницата Скопје-Тетово, на ниво на автопат со должина од 32 километри и за тоа се платени 24 милиони евра. Во 2002 година завршена е делницата на излезот од Охрид, Билјанини извори-Свети Стефан во должина од 5 километри за што се исплатени 2 милиони евра.  Во 2005 година, со помош на програмата ФАРЕ, изградена е делницата Неготино -Демир Капија во должина од 16 километри. За ова делница од Буџетот исплатени се 23 илјади евра . За обиколницата на Скопје, односно делницата Хиподром – Оризари, чија изградба е започната во 2002 година а завршена во 2009 година со должина од  14,5 километри за платени се 65 милиони евра. Во 2004 година завршена е обиколницата во Тетовово должина од 3,5 килиометри и за неа се платени 6,5 милиони евра. Во 2006 година завршена е делницата Смоквица –Гевгелија, во должина од 11, 5 километри за што се исплатени 9,5 милиони евра. За изградбата на делницата Оризари-Сарај, од скопската обиколница која заврши во 2008 година исплатени се 72 милиони евра. Должината на оваа делница е 12 километри. Во 2011 година, завршена е делницата Табановце – Куманово, со должина од 7,6 километри  и за тоа се платени 16,6 милиони евра. За делницата Катланово –Велес, каде е направено комлетно менување на асфалтниот коловоз, во должина од 27,6 километри пплатени се 7,2 милиони евра. Според овие податоци на Фактор, вкупно 161,4 километри автопат се изградени во Македонија за 18 години Односно во периодот  од 1994 до 2012 година, во земјава се потрошени 232 милиони евра за изградба на автопати низ целата држава. Во однос пак на локалните патишта, според податоците од Министерството за транспорт и врски напишани во отчетот за сработеното, во 2012 година биле реконструирани и изградени повеќе од 320 километри локални патишта, за што биле инвестирани 14.5 милиони евра. Соседите во трка за подобра инфраструктура Познавачите коментираат дека додека Македонија посветува мало, недоволно внимание на автопатиштата и нивна изградба, во време кога земјите од регионот се во трка кој повеќе да изгради. За разлика од Македонија, која за 18 години има 161 километри автопат, Албанија за само три години се изградени 300 километри нов автопат. Во Србија за 7 години се изградени 114 километри автопат, а во Kосово за една година направени се 38 километри. Но, косовските власти веќе објавија тендер за изградба на автопат од Приштина до Скопје во должина од 55 километри, што треба да се гради годинава. Најмалку се градело во Црна Гора, каде за десет години не е изграден ниту еден километар автопат, а во Босна и Херцеговина за 12 години изградени се  71 километар автопат. Според податоците на Евростат за 2010 година, Хрватска во 2010 година имала 1,126 км, Словенија 771 км, Бугарија 437 километри автопат. Најмногу килиметри автопат има во Шпанија -14,262 км Германија 12,819 км, Франција -11,392 км, Италија-6,668 километри автопат. „Добрата и развиена инфраструктура е важна за развој и  на домашната индустрија, и за привлекување странски инвестиции како и за зголемување на извозот. Земјите од регионот кои засилено работеа на изградба на добра инфраструктира, станаа членки на Европската унија и НАТО. Бугарија и Хрватска, користеа големи пари од европските фондови и на тој начин беше финансирана изградбата на патиштата“, велат познавачите а со самото тоа имаа и поголем економски напредок. Владата постојано најавува инвестиции во инфаструктурата! Во 2009 година се крена еуфорија кога владата најави изградба и обнова на 300 километри автопатишта, инвестиција требаше да чини околу милијарда евра, што беше како дел од најавата за влез на 8 милијарди инвестиции во сите сектори во земјава. Иако според тогашните најави изградбата требаше веќе да биде почната, сепак досега нема речиси нипто од таа најава. Заглави постапката за избор на концесионери, односно со пропаѓањето на тендерите за концесијата на патиштата се покажа дека тие не се исплатливи,  па затоа сега државата ќе треба сама да најде начин да ги гради, бидејќи ниту еден инвеститор нема да дојде ако не може да оствари профит од градбата, а тоа во овој момент е невозможно велат експертите. Дека и покрај најавите земјава сепак не се фокусирала на изградба на автопатишта, минатата година призна и премиерот Никола Груевски. „Бевме најмногу концентрирани на изградба на локални патишта кои граѓаните секојдневно ги користат. На секој човек му се случува на автопат во годината да отиде еднаш, два, пет или десет пати, но 99 од луѓето патуваат на автопати неколку пати во годината. Меѓутоа, на оние локални и регионални патишта во кои доста вложивме луѓето патуваат секој ден најмалку двапати, некогаш и повеќе. Во голема мера се фокусиравме на тој дел затоа што е целта не ни е да се фокусираме само на автопати, туку да ги задоволиме секојдневните потреби на луѓето. Се разбира, во иднина ќе продолжиме да бидеме фокусирани и на автопатишта, како и на регионалните и на локалните патишта “, изјави премиерот Никола Груевски, во јули минатата година, кога имаше отчет за сработеното во новиот мандат од една година. Но, само неколку месеци подоцна, следуваше нова најава. Премиерот Груевски пред бизнисмените обелодени дека оваа 2013 година Владата ќе биде посветена на изградба на автопатишта. Македонија и Кина потпишаа договор за кредитирање на инфраструктурни проекти Се уште не се знае колку пари за патишта ќе добие Македонија од Фондот од 10  милијарди евра што Кина ги најави како поволни заеми за земјите од Источна Европа, иако пред неколку месеци, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и амбасадорот на Народна Република Кина, Цуи Џивеи, потпишаа меѓудржавен договор за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата. Она што засега е прецизирано е дека со кредити од кинеската ЕКСИМ банка ќе се финансираат 4 –ри проекти. Станува збор за автопатот Миладиновци-Штип за каде постои готов проект и веќе е започната експропријација на земјиштето. На ниво на автопат ќе биде и патот Кичево – Охрид, за кој исто така веќе се изготвени проекти. Потоа приоритетен ќе биде и Штип-Кочани  а за патниот правец Охрид-Свети Наум во наредните две години ќе изготвува проект Агенцијата за патишта. Иако, од Владата не сакаат да кажат колку пари планираат да се задолжат кај Kинезите, сепак ако се погледнат истите проекти во Манифестот на ВМРО ДПМНЕ, таму проценките се дека за реализација на четирите наведени проекти ќе бидат потребни околу 860 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено