ФАКТОР АНАЛИЗА: Фирма која увезува јаглен за РЕК Битола со најголема добивка помеѓу новорегистрираните компании
Објавено во: Економија 27 Мај, 2024 11:05
Никопоулос од Битола, една од неколкуте фирми за која беше обелоденето дека добиле тендер од АД ЕСМ за увоз на јаглен за потребите на РЕК Битола, е најуспешна по остварена добивка за 2023 помеѓу компаниите кои се регистрирале како нови во текот на истата година. Станува збор за компании кои не биле постари од една година пред да го пријават првиот профит.
Фирмата која носи грчко име била формирана само два месеци пред објавување на повикот. Но, тоа не било пречка да ја добие набавката на 160 илјади тони јаглен тешка 11 милиони евра. Нејзин сопственик е Евганелос Ницоуполос од Флорина. Дејноста и е трговија на големо со цврсти течни и гасовити горива и слични производи. Директорка е битолчанката Ивана Алексовска. Јагленот се носел од Албанија и Грција.
Втор помеѓу регистрираните компании во текот на 2023 со најголема добивка е Тотал Коп, компанијата за транспортни услуги на Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев. Тотал Коп истовремено е меѓу најуспешните бизниси по остварена добивка воопшто во Струмица.
На третото место е аутсорсинг компанијата Олив Рекруит од секторот за „стручни, научни и технички дејности“. Во сопственост е на британската компанија „Олив Џобс“, специјализирана за унапредување на човечките ресурси и е дел од групацијата Catalyst Care Group која се состои од 10-тина брендови. На крајот на минатата година Олив Рекруит имала само 8 вработени.
Потоа следува Премиум Логистик Сервис за копнен транспорт и складирање во Штип, со една подружница и во Радовиш. Во сопственост е на Ташко Штерјов и има 37 вработени.
Последна од Топ-5 лигата е Елмитут-Комерц за трговија на големо и на мало со моторни возила. Фирмата ги задржала речиси сите приходи во текот на 2023 како добивка, а бројот на вработени е непознат. Струмичката фирма е во сопственост на извесен Азат Шаин. А.К.

Извор: Централен регистар
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




