„Фактор анализа“: Од 10 до 110! Кои се најголемите трговци на големо во Македонија?
Објавено во: Економија, Анализа 01 Јуни, 2023 08:00
Во земјава лани имало дури 81 компанија за трговија на големо која направила приход еднаков или поголем на 10 милиони евра. И во 2022 година доминира трговијата на големо со тутунски производи пред текстилот, шеќерот и храната
Трговијата на големо е укинатна економска сфера. Нејзини клучни белези се: големи обрти, брзи поврати, обезбедена наплата и ефикасна логистика, а тоа ќе ви го каже секој успешен гросист како што милуваат сами себе да се нарекуваат кралевите на трговијата.
За да биде успешна нивната работа треба да се се во баланс два важни економски параметри обртот на пари да биде што е можно побрз, а сумата на вредноста на стоката што се продава да биде што повисока. Затоа што нивното правило е големи и брзи обрти со мали маржи.
Колку е значајна гранка трговијата на големо во структурата на македонската економија ќе илустрираме со следниве факти:
Прво, во нашата национална економија лани има повеќе од 80 компании кои успеале да направат приход од 10 до 110 милиони евра.
Второ, само најголемите 20 трговци на големо направиле приход од 1 милијарда евра , а една година, а сите 81 компанија заедно имаат приходи од 2 милијарди евра. Тоа ја прави економска дејност со највисок кеш-флоу и тоа е многу нормално и логично.
Трето, таа е многу важна за вкупните паричните токови токму заради прирорадата не нејзината дејност. Заради создавање на контекст ќе ја споредиме со друга дејност која не сродна, но е многу важна во националната економија, а тоа е градежништвото. Во таа трудоинтензивна дејност лани најголемите 40 компании генерирале агрегатен приход поголем од половина милијарда евра. Во трговијата на големо само 20 најголеми компании генерирале лани приход од една милијарда евра.
Кои се најголеми меѓу трговците на големо и колку заработуваат?
Структурата на официјалните податоци покажува дека трговијата на големо со тутун е бизнис број еден кај трговците на големо. Без разлика дали се работи само за трговија со тутун или пак фирмата е регистрирана за храна, пијалоци и тутун. Негови најголеми ривали се трговците на големо со текстил, но и со шеќер, чоколади и храна.
Во најголемите 30 гросисти лани има уште:трговци со компјутерска опрема, со метали и метални руди, со градежни материјали, санитарна опрема и дрво како и неизбежната трговија со пијалоци.



*Рангирањето е направено врз основа на параметар годишен приход еднаков или поголем на 10 милиони евра
** Заради спецификата на дејноста исклучени се веледрогериите и трговците на големо со нафтени деривати
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





