ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен
Објавено во: Економија 20 Мај, 2024 07:40
Произведуваат градежен материјал и во тоа се најуспешни по остварените добивки за 2023 во Македонија. Станува збор за индустриски, а не за рударски капацитети во земјата, и нивниот финален производ има додадена вредност.
На првото место е АД Усје за производство на цемент, а втор е ИГМ-Трејд за челични цевки на Илија Гечев за заварени цевки и профили. Трет е Конти Хидропласт од Гевгелија на Борис Маџунков за цевки за водовод, канализација, гас и слични намени. Треба да се напомене дека во изминатите години инвестицискиот циклус на Конти Хидропласт е поддржан од Владата со државна помош.
Германскиот инвеститор Кнауф Радика произведува гипс, а Макстил ги снабдува своите клиенти со топловалани дебели лимови. Пофикс од Тетово е препознатлив по својот малтер. Сите овие досега набројани компании се рангирани во стоте најуспешни по остварен профит за минатата година.
Блиску по добивка до овие градежни гиганти е и прилепскиот Крин-КГ од Беровци кој изработува плочи од мермер, кварцит, травертин и други материјали од камен. Компанијата поседува и рудници за гранит во Мариово. Доминантен сопственик е Христо Китаноски. А.К.

Извор: Централен регистар
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




