05 Декември, 2025
0.0465

Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?

Објавено во: Економија, Анализа 06 Мај, 2025 11:36

Добивај вести на Viber

Штип може да се пофали дека најголемата компанија со седиште во најголемиот град на македонскиот исток е домашно поседувана. И не само тоа. Основана е локално, домашен гринфилд и понатаму расте. Во штипската економија значајно место имаат странските гринфилд инвестиции, но и други домашни реномирани и етаблирани компании.

Штип е најголемиот град во Источна Македонија. Градот под Исарот, ридот што го дели градот и славното Ново Село, бил и е политички, економски, културен, музички и спортски, образовен и здравен центар на целиот македонски исток. Штип има универзитет, клинички центар, еден од најпознатите музички фестивали, го има најслушаното национално радио. Штип е и гурмански центар зашто цела Македонија, но и регионот ја знаат, признаваат и конзумираат штипската пастрмајлија. 

Штип секогаш бил источниот светилник за македонската национална борба за независност. Особено од времето кога во него учителствувал Гоце Делчев, најголемиот наш револуционер, а во него се родени и делувале и најголемиот војвода на организацијата, контроверзниот Тодор Александров и „гуруто“ на балканскиот тероризам и веројатно најконтроверзниот роден Македонец со бугарска самосвест - Ванчо Михајлов. Штип е горд како град во кој е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. 

Во најновата историја на независна Македонија Штип е градот што дал еден претседател и двајца премиери на нашата независна држава, еден голем генерал, еден светски признат кардио хирург, но и мнозина општественици, дејци и творци. Штип е градот што изнедрил носител на олимписки медал во борење слободен стил, а го трасирал и патот на ексјугословенската фудбалска легенда Шекуларац кој играл во штипска „Брегалница“.

Економски гледано Штип не е македонски Манчестер иако некогаш и бил. Штипската економија порано била базирана на текстилните гиганти и нивните добавувачи и супортери. Сега сликата е многу поразлична, иако Штип и сега има силна текстилна индустрија. Во последниве години економска локомотива на штипската композиција е силната метална индустрија, национален кабелски и интернет оператор, големи дистрибутерски и трговски компании. Штип има и неколку големи и силни компании за логистика и за товарен транспорт.

Кои се најголемите штипски компании?

Индустријата за метални конструкциии „Актива“ е број еден според приходи. Од регистарот на компании кои 2024 година ја завршиле со добивка таа е фирма и со најголем број вработени, вкупно 526 лица на крај на 2024 година.

За нијанса помал приход има странската инвестиција за термички компоненти наменети за бојлери – „Кондево“ од Италија.

По „Актива“ најголема штипска домашно и локално поседувана компанија е „Оаза Екстра – Скопско“ која интегрира производство, дистрибуција и трговија, угостителство.

Во најголемите пет штипски компании според приход се уште странскиот гринфилид „Техникал Текстајлс“ кој е специјализиран за примена на фиберглас во авионска, градежна и автомобилска индустрија и веројатно најголемата компанија за логистика на македонскиот исток – Квенбергер.

Во најголемите десет штипски компании лани покрај етаблираните „Телекабел“, кондиторската индустрија „Стел Импекс“, „Мегапласт“ - специјалистите за сите комбинации стакло со ПВЦ и алуминиум и глобално популарните „Мејер и Мејер“ вреди да се напомене и локалната иноваторска фирма КТМ Енерџи солушнс специјализирана за проектирање и инсталација на централи за производство на струја од обновливи извори.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети