„Фактор анализа“: ТОП 40 – најголеми градежни компании!
Објавено во: Економија 30 Мај, 2023 10:21
Македонија била и останува да биде земја со значаен број градежни компании кои придонесуваат пристојно во националната економија. Структурално има промени затоа што од четирите градежни мастодонти од социјализмот сега има само еден кој е најголем во нашето градежништво. А местото на другите го заземаа мноштво помали приватни иницијативи кои низ изминативе години станаа респектабилни градежни компании од средна големина
Македонија лани имала 100 приватни градежни компании и секоја од нив направила приход од најмалку 3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци за 2022 година достапни во базата на Централниот депозитар. Анализата на достапните јавни податоци укажува на неколку факти за структурата и распределеноста на македонската градежна оператива и пропратните градежни дејности.
Прво, Македонија останува земја во чија економија значаен импулс дава домашната градежна оператива.
Второ, економската транзиција „угаси“ три од четирите градежни џинови („Маврово“, „Бетон“ и „Пелагонија“) но и понатаму последниот од нив скопски „Гранит“ е убедливо најголема македонска градежна оператива.
Трето, Македонија создава бројни претприемачи, а дваесетина меѓу нив создале низ годините респектабилни и големи градежни фирми.
Четврто, најзастапени во структурата на градежни фирми се тие што градат колективно домување односно станбени згради. Затоа што оваа градежна дејност е конјуктурна подолго време благодарејќи на издашната поддршка од деловните банки кои финансираат и кај инвеститорите во станови, но и на страната на побарувачката кај купувачите на станови.
Петто, градежништвото е веројатно единствената економска дејност во Македонија во која не доминира Скопје и скопските фирми. Верувале или не, од десетте најголеми градежни компании во Македонија само три се од Скопје, а една од нив е „Гранит“ кој не се занимава во изградба на станови. Така што најголема и со висока репутација скопска градежна компанија е „Голден Арт“.

Шесто, а од макроекономски аспект и најважно е тоа што македонската градежна оператива и нејзините сродни дејности лани генерираа приход поголем од 620 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




