ФАКТОР ДОЗНАВА: Оние 780 штедачи во Еуростандард банка имале вкупни заштеди од 25 милиони евра
Објавено во: Економија 19 Август, 2020 13:54
Кога беше објавено дека се укинува дозволата за работење на Еуростандард банка, надлежните соопштија и дека во банката има над 130 илјади штедачи, кои главно ќе бидат обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити, односно во таа група ќе влезат сите оние кои имале штедни влогови до 30 илјади евра, а кои согласно законите, треба да бидат целосно намирени.
Но, како што беше информирана јавноста, има и 780 штедачи, кои поради тоа што имаат повисоки суми на поединечни штедни влогови, ќе добијат обесштетување до 30 илјади евра, а остатокот ќе треба да го побаруваат и да го очекуваат од стечајната маса.
Според неофицијалните сознанија на Фактор, овие 780 штедачи во банката имаат вкупна сума на заштеди во банката од 25 милиони евра.
Кои се тие штедачи и колкави поединечни суми чувале во банката, не се знае и тоа не може да се открие.
Ако се бара, пак, просек, овие штедачи во просек имале по 32 илјади евра, што се добива ако се подели 25 милиони евра со 780 штедачи. Тоа не е многу повисоко од законската сума за обесштетување. Но, ова е просек, а не значи дека сите штедачи чувале исто пари.
И овие штедачи ќе добијат од Фондот по 30 илјади евра, што значи дека не се оштетени за големи суми на пари, кои ќе ги побаруваат од стечајната маса на банката.
На тоа оди во прилог и податокот кој надлежните го соопштија уште првиот ден, а тоа е дека 99,4 отсто од штедачите ќе бидат исплатени од Фондот за осигурување.
Кога ќе се видат книгите на Еуростандард банка од страна на стечајниот управник, можеби ќе се дознае колкави суми на штедни влогови имале поединечните штедачи.
Сепак, од ова произлегува дека не било возможно да имало штедач кој во банката чувал 7 милиони евра, како што проструи информација во јавноста.
Дел од овие штедачи, и по долги години, се уште не дошле да си ги земат парите, делумно и заради тоа што имале мали влогови, па тие за нив не биле атрактивни за да ја тераат постапката за обесштетување.
Ако се имаат предвид сознанијата дека во Еуростандард банка имало депозити од 71,5 милиони евра, вкупната сума за обесштетување што ќе се исплати сигурно ќе биде повисока од досегашните банки.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




