19 Декември, 2024
0.0279

ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО: „Пуцко Петрол“ влегува во скопски „Бетон“ на Минчо Јорданов, која сума ќе ја плати нафтената компанија?

Објавено во: Економија 29 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“, еден од најголемите добитници на државни зделки за снабдување со нафтени деривати, влегува во скопски „Бетон“, дознава Фактор ексклузивно, а информацијата за нас ја соопштија неколку неофицијални извори.

Според сознанијата на Фактор, трансакцијата со која „Пуцко Петрол“ ќе го купи скопски „Бетон“ на Минчо Јорданов, се уште не е помината преку Македонската берза, но се очекува тоа да се случи наскоро.

Засега не е позната сумата, ниту процентот на акции кој би го купила компанијата на Асмир Јахоски, син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, од скопската градежна компанија „Бетон“.

Според податоците за компанијата објавени на Берзата, „Бетон“ минатата година ја завршил со огромна загуба од 12,4 милиони евра или близу 760 милиони денари.

Ова следува откако во 2020 година градежната комапнија имала минимална добивка од околу пет илјади евра, додека, пак, во 2019 година добивката изнесувала 639 илјади евра. Ова значи дека низ текот на годините работењето на „Бетон“ Скопје одело се повеќе во зоната на негативата, за лани да заврши со неславна бројка на загуба од 12,4 милиони евра. Во минатата година значително се намалени и вкупните приходи од редовните активности на компанијата.

Познавачите велат дека ваквиот неповолен финансиски резултат се должи не на некакво лошото работење или менаџирање на „Бетон“, туку на големите суми ненаплатени побарувања од државата, откако градежната компанија беше еден од главните изведувачи на проектот Скопје 2014, кој го започна власта на Никола Груевски.

Во акционерската структура на „Бетон“ доминира познатиот бизнисмен Минчо Јорданов. Според податоците на Ценгтралниот депозитар за хартии од вредност, најголем поединечен акционер на „Бетон“ е REPRO ONE LIMITED, која поседува 22,22 отсто од акциите, ARROWCREST LIMITED располага со 19,94 проценти, РЖ Техничка контрола АД има 5,04 отсто, додека, пак, WOLLES TRADING CORP има на располагање 21,34 проценти од акциите.

Засега нашите извори не располагаат со прецизни податоци за тоа по која сума би се реализирала продажбата на „Бетон“, и колкав процент би купиле од „Пуцко Петрол“.

Она што го говорат податоците од Берзата, е дека последното тргување со акциите на таа компанија се случило на 19 овој месец, кога биле купени само пет акции, по цена од 3.453 денари за акција. Многу поголема количина на акции, или 92, биле продадени на 13 април, и по повисока цена, од 3.560 денари за акција. Претходно, пак, тргување имало на 18 февруари, кога се купени 11 акции, по цена од 3.720 денари за акција. Или, во последнава година се истргувани 671 акција на „Бетон“, при што најниската цена била токму 3.453 денари, додека највисоката 4.955 денари за акција.

Кој е интересот на „Пуцко Петрол“ да го купи „Бетон“, засега не е познато, но ако се има предвид дека на крајот на 2020 година нафтената компанија го купи земјиштето на „Алумина“, логично е да се очекува дека градежната фирма би се користела за изградба на планираните содржини на тој простор.

Инаку, Фактор во декември 2020 година објави дека нафтената компанија „Пуцко Петрол“, по долги преговори, за 18 милиони евра го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни. Тоа земјиште се дотогаш беше во сопственост на израелската компанија „Газит глоуб“.

Асмир Јахоски е целосен сопственик на „Пуцко Петрол“, односно тој поседува 100 отсто од акциите на компанијата.

За Фактор, Асмир Јахоски тогаш изјави дека „Пуцко“ планира да го ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите. Тој тогаш не ја исклучи можноста дека ќе има станбени згради и деловен простор, но дека нема да се дозволи неконтролирана градежна експанзија.

Според нашите информации, сега за таа локација веќе се продаваат и станови на заинтересирани купувачи.

Јахоски тогаш најави за Фактор дека инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.

Инаку, „Пуцко Петрол“ е компанија основана во 1991 година, а работи на трговија на големо, со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.Според Клуб 200, „Пуцко Петрол“ во 2019 година имала приход од 46,4 милиони евра, и раст на приходот од 13,48 проценти. Нејзината добивка во таа година изнесувала 2,8 милиони евра. Компанијата има 164 вработени.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОСТАНУВААТ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Украина ќе дозволи транзит на гас преку нејзината територија, но да не е руски

ОСТАНУВААТ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Украина ќе дозволи транзит на гас преку нејзината територија, но да не е руски

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ОВА Е ANTI-AGE ДОКТОРКАТА СО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА - нејзината клиника во Дубаи се разликува од останатите

ОВА Е ANTI-AGE ДОКТОРКАТА СО ПОТЕКЛО ОД СРБИЈА - нејзината клиника во Дубаи се разликува од останатите

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

Колку милиони евра ќе плати Град Скопје за струја во период од една година?

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

КАКО ЗАСВЕТИ ЗЛАТОТО НА „ЗЛАТАРА РУБИН“ - на приходи од 1,1 милиони евра, еве колкава е ланската добивка

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ХАКЕРИ КРАДАТ ПАРИ ОД КРИПТО СТАРТАПИ: Прво се претставуваа како лажни работници, а сега се лажни инвеститори