26 Април, 2024
0.0284

„Фактор“ изнесува факти, Штериев промовира инсинуации

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Од почетокот на своето основање па досега, „Фактор“  во најмалку илјада текстови и анализи го третира и опсервира тргувањето со акции на Македонската берза. Секогаш тоа го правел со објективно прикажување на фактите и нивна обработка и ставање во конктекст со цел давање објективни информации за читателите. За тоа „Фактор“ е препознатлив кај македонската публика како релевантен извор на информации кои ги генерира тргувањето со хартии од вредност и работата на берзата. И во последнитот текст на „Фактор“ , кој повторно не му се допадна на Штериев  беа изнесени факти кои се поврзани со работењето на Македонската берза. А фактите се јасни, тие покажуваат дека берзата т.е. нејзиното раководство го прекршило член 166 б од Законот за хартии од вредност. Тука нема тенденциозност. Работата на новинарите е да изнесуваат факти, а не да премолчуваат. И никој не треба да се лути. Најмалку тој што згрешил. А никако пак грешникот смее да квалификува медиуми. За квалификациите кои Иван Штериев, главниот извршен директор на берзата ги изнесе кон „Фактор“ и за неговото непознавање на новинарските стандарди и правила доби осуда и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Впрочем , „Фактор“ не напиша дека располага со ексклузивни информации, туку напиша дека тие се јавно достапни. Ова е само уште една од лепезата на инсинуации на Шетриев , кои беа осудени од Здружението на новинари.

И КХВ во нивниот одговор на прашањето на „Фактор“ потврди дека берзата го прекршила ЗХВ, но прекршочни постапки се поведени само за оние кои не ги исправиле пропустите.

„Комисијата одлучи да заземе нов пристап  и  да не поведе постапка пред прекршочниот орган, но само за оние  друштва  кои ќе ја отстранат утврдената неправилност по приемот на записникот од КХВ. Во оваа група во 2018 година влегоа вкупно 151 компанија. Имаше и друштва кои ги објавија податоците и документите  уште пред  да им биде доставен  записник од КХВ, меѓу кои е и Македонска берза АД Скопје, одговорија од КХВ.

Господине Штериев, „Фактор“ во континуитет бил, е и ќе биде медиум што ја актуелизира работата на берзата и тргувањето со хартии од вредност. И во моментите кога многумина заборавија дека берза постои, „Фактор“, благодарејќи на своето работење и континуитет е препознаен како релевантен извор на информации и публиката му верува. Проверете и направете истражување на јавното мислење за вашето работење и за тоа каде инвеститорите се информираат и дали му веруваат на „Фактор“. Најблаго речено неумесно и несериозно е да давате негативни квалификации без аргументи, за медиум кој во најголема мера е посетуван токму од вашите клиенти.

Ние повеќе нема да одговараме на вашите обвинувања и квалификации и нема да го спуштаме нивото на комуникација на кое вие очигледно сте решени да го допрете. А ќе продолжиме со иста ревност, преданост и професионалност да го следиме и да известуваме за случувањата со тргувањето. Не го трошете времето со нас и работете ја вашата работа: создавајте материјал за тргување, обидете се со позитивна кампања, со визибилност во медиумите да извлечете макар делче од милијардите евра орочени и депонирани во банките и потрудете се со нив да се тргува на берзата. Обидете се да предомислите макар еден од десет инвеститори кој вложува во стан. Убедете го дека инвестирањето на пазарот на капитал може да биде поисплатлив бизнис од инвестирањето во недвижности . Обидете се да ги убедите луѓето што заработуваат и штедат дека берзата е место каде треба да вложуваат. Дека тоа не е рулет, коцкарница ниту пак е елитен клуб на новосоздадената буржоазија. Убедувајте ги друштвата со удели да се трансформираат во АД-, а акционерските друштва да се финансираат преку корпоративни обврзници и нови емисии на акции. Потрудете се  пазарот на капитал да биде поликвиден и интересен за институциналните домашни и странски инвеститори. Излезете од комфорната зона, пресметана во висината на вашата плата, наспроти добивката на компанијата чии прв човек сте. Направете исчекор и не се лутете туку надминете го и променете го начинот на кој комуницирате со котирани друштва за ценовно чувствителни информации. А начинот на комуникација , ај да не речеме дека е банален, но тривијален е!

И покрај вашиот очигледен антагонизам, „Фактор“ секогаш ќе ве поддржува, вие  само храбро работете ја вашата работа. Затоа што за „Фактор“ не е битно кој е директор на  берзата, туку дали таа институција и нејзиниот прв човек ревносно си ја врши работата за која е избран. Силниот фокус што го имаме кон пазарот на капитал е токму поради  одговорноста која ја имаме кон нашите читатели кои во голем дел се и учесници на истиот пазар. Како што и досега сме покажале, ние  сме медиум што во континуитет пишува за тргувањето со харти од вредност и тоа ќе го правиме и во иднина, без оглед на фактот дали тоа му се допаѓало на Шетриев или не.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката