ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети му пиша писмо на Мицкоски, но и на меѓународната заедница, имало лоши трендови
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2024
АХМЕТИ МУ ПИША ПИСМО НА МИЦКОСКИ
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин.
На новинарско прашање Мицкоски денеска истакна дека со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.
Kрешник Бектеши од ДУИ вели дека партијата може утре да извади десет илјади на улица, но не сакаат протестите да излезат од контрола.
JAКИМОВСКИ ОСТАНУВА ВО ЗЕЛС
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски останува во ЗЕЛС, а струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов не дојде на средбата со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
„ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме помеѓу Карпош, Струмица и централната власт. ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите. Драго ми е што колегата Јакимовски останува во ЗЕЛС, а се надевам на скора средба и со Костадинов, како најгласен против заедницата“, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски по средбата со Јакимовски по најавите дека две општини ќе ја напуштат организацијата на локални самоуправи.МАКЕДОНЦИТЕ РЕКОРДЕРИ СО БРОЈОТ НА ПУШАЧИ
Граѓаните на Македонија се рекордери во пушењето цигари, a најмладите пушачи имаат по 13 години.
Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45,4 отсто. Има многу мал процент на луѓе – пет проценти кои се обиделе и се откажале од пушење во последните години.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Производството е намалено и поскапено, работна рака нема, а и трговците формираат повисоки цени на сите производи, па и на зелката. Вака земјоделците го објаснуваат фактот дека зелката на пазарите чини по 60, 70 денари, а пролетната и по 80 денари.Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, со својата фирма Тотал Инженеринг стана доминантен сопственик на двете акционерски друштва од Струмица - АД за производство на конфекција и облека Герас Цунев и АД за трговија, услуги и консалтинг Герас Цунев.
Сашо Дукоски, познат во јавноста како поранешен директор на Државниот инспекторат за градежништво во чие време беше урнат со динамит станбено-деловниот комплекс „Космос“ во 2011, за кратко време со новоформирана фирма доби три тендери за медицинска опрема.
Зголемените нето приходи од камати и од провизии во комбинација со ослободените резервации и донесоа на НЛБ Банка нето добивка за третиот квартал од 17,5 милиони евра и вкупен профит за првите девет месеци вреден 44,2 милиони евра