29 Септември, 2024
0.0313

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aпсења во Македонија, Исмет Гури заврши во притвор

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

АПСЕЊА ВО МАКЕДОНИЈА, ИСМЕТ ГУРИ ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР

Изет Меџити, лидерот на „Огнената група“ која излезе од ДУИ и ќе формира нова партија, апсењето на Исмет Гури во интервјуто за ТВ24 го нарече „дефокус и притисок“.

Гури денеска е донесен во Основниот кривичен суд Скопје каде што ќе треба да се одлучи дали ќе му биде доделен притвор. Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за која соопштија утрово од Обвинителството, но истовремено кога беше разрешен беше член на „Огнената група“.

Во голема полициска акција утрово беа уапсени бизнисмени, инспектори и политички функционери, а меѓу нив и Исмет Гури, поранешен заменик директор во дирекцијата на УЈП во Скопје, кој беше разрешен своевремено затоа што беше член на „Огнената група“ од ДУИ. Не треба да се заборави дека минатата недела Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево во ТВ-настап вели дека на акцијата на МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција не влијаело тоа што Гури бил бунтовник во ДУИ.

ПЕНДАРОВСКИ НЕ Е ОПТИМИСТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Македонското Собрание идниот месец треба да донесе одлука за уставните измени, но шефот на државата, Стево Пендаровски не е оптимист дека ќе се случат уставните промени, односно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот и ќе гласа за нив. Уверен е дека во противењето, поточно во кочењето на евроинтегративниот процес на Македонија, партијата гледа шанса да дојде на власт.

„Јас сум еден од ретките, да не речам единствен од оваа структура што сега е на власт кој вели според изјавите што доаѓаат од опозицијата во овој момент е јасно дека нема две третини. Јас не велам дека не се разговара со пратеници, но од она што го гледам од средствата за јавно информирање, не можам да видам дека таму се менува расположението макар и кај еден пратеник за да можам да тврдам дека ќе има уставни измени. Велам треба да има, императив е да има, затоа што ако нема, ние практично остануваме во една посебна подгрупа со Босна и со Косово. И ако до 1 декември не го смениме Уставот, можно е Албанија и Црна Гора да тргнат забрзано кон Европа, а ние сами себе да се блокираме“, вели претседателот. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека не е прифатлив начинот на кој уставните измени се доставени во Парламентот. 

Претседателот на Бугарија, Румен Радев како прв многу важен чекор ја дефинираше одлуката на Владата на Република Северна Македонија да го прифати предлогот за измени на Уставот, во кои ќе бидат регистрирани и граѓаните со бугарска самосвест.

РАСКРЧМЕН ИМОТОТ НА „ТРАНСМЕТ“

Имотот на Трансмет кој требало да биде конфискуван во случајот „Труст“ бил преземен од фирми и банки за многу помали суми со што била направена штета од 12,4 милиони евра за државата, објави Државната комисија за спречување на корупција.

Во шемата во која биле инволвирани проценители, нотари и извршители најмногу зела фирмата Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, кој купил имот за дури 4,5 милиони евра поевтино.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Изгледа дека во последниов период станаа многу актуелни понудите за преземање на македонски компании.

Иако беше најавувано дека договорот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на Црна Река ќе се оствари до крајот на првата половина од 2023, од Министерството за животна средина се уште нема одговор дали капиталниот проект ќе го реализира грчката компанија ППС, која уште на почетокот на септември лани достави единствена потполна понуда.

Оваа година се покажа дека при уписи во средните училишта, кај младите порасна интересот за запишување во стручните школи, додека гимназиите паднаа во втор план.

Акции на ТТК Банка од Скопје, и тоа 533 на број, кои како процент на учество од банката се само 0,06 отсто, со почетна продажна цена од 1.380 денари за акција, потоа само 50 акции од винаријата Попова кула од Демир Капија, кои се речиси незначителен односно минорен процент акции на компанијата, а со почетна продажна цена од 16 денари за акција, па 7.108 обични акции на Стопанска банка Битола.

Повеќедневните екстремно високи температури доведуваат до прегрејување на човековиот организам, особено ако станува збор за луѓе кои заради професијата поголемиот дел од денот мора да го минат на отворено. Интернистите овие денови се преплавени со пациенти кои се жалат на низа здравствени тегоби токму поради изложеност на сонце, а меѓу нив има и помлади лица кои досега немале сериозни проблеми со здравјето.

Компаниите кои оствариле поголем приход во текот на минатата година сепак нема да куртулат од плаќање повисок данок. Во Собрание поворно е доставен Законот за данок на солидарност, кој овој пат се предлага да се носи по скратена постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“