25 Ноември, 2024
0.0611

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Британскиот сој е откриен во повеќе градови, денес меѓу жртвите има и двајца млади луѓе

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

БРИТАНСКИОТ СОЈ Е ОТКРИЕН ВО ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ГРАДОВИ

Кај 45 лица во Македонија е утврден британскиот сој на коронавирусот. 

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

„Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес. Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (>400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај >50 од овие пациенти. Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници“, информираат од Министерството за здравство. 

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите.

ДЕНЕС МЕЃУ ПОЧИНАТИТЕ ОД КОРОНАВИРУС ИМА И ДВАЈЦА МЛАДИ ЛУЃЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.

Регистрирани се 1440 оздравени пациенти од:

Скопје – 798, Кавадарци  - 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес -34,  Прилеп -32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга -12, Свети Николе -10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово -5, Демир Капија -4, Крива Паланка , Виница ,Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1. 

Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се 10 пациенти од Скопје (71г,64г,79г,84г,32г,73г,81г,67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г)  и по еден смртен случај од  Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.

СКАНДАЛ ВО БИТОЛА

Суспендирани се двајца гинеколози, откако еден од нив си ја повикал сопругата која е невработен гинеколог, странски државјанин, да учествува во породување со царски рез, пишува порталот „Независен“ повикувајќи се на извори од одделението за Гинекологија.

Скандалот се случил во почетокот на јануари, кога помладиот од гинеколозите ја внел сопругата во родилната сала. Двајцата вработени гинеколози биле во салата, но наводно работата ѝ ја препуштиле на сопругата на помладиот гинеколог. По ова еден од вработените во Гинекологија се јавил во полиција и го пријавил случајот.

БРАТОТ НА УБИЕНИОТ РИБАР ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ ЗЕМЈИШТЕ КАЈ СМИЛКОВСКО

Немаме земјиште во близина на Смилковско езеро. Јас ги имам документите од моите родители за целиот имот што го поседуваат, такво земјиште нема, ниту јас паметам дека некогаш сме имале такво земјиште. 

Ова во вечерашната емисија Во Центар, во трогателно интервју, го зборува Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Во интервјуто се разговара за новите сознанија, и колку се тие точни, поврзани со мотивите и нарачателите на оваа грозоморно петкратно убиство кое се случи пред девет години.

Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост. 

ОТВОРЕНА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст. 6 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во соопштението од Обвинителството нема иницијали на четирите лица против кои е наредена икстражна постапка.

Како такви лица, согласно Законот за банки, се сметаат физички лица кои се членовио на Надзоирен одбор, член на Управен одбор, член на Одбор за ревизија, како и ччлен на Одбор за управување со ризици.

КОГА ЌЕ СТИГНАТ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ ВО МАКЕДОНИЈА?

Дали ќе бидат дистрибуирани вакцините за Ковид-19 од Кина како што најавија надлежните следната недела ќе видиме, но извесно е дека надлежното министерство денес ќе ја потпише набавката за бројка од 200 000.

Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата викендов, изнесе подетално објаснување за каква вакцина станува збор.

-Вакцината е добиена на технологија на ослабнување (инактивирање) на целиот вирус, постапка која се користи со децении за добивање на класични вирусни вакцини. Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, токму поради тоа може да се дава на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Се чуваат на стандарден режим од 2 до 8 степени и тоа од аспект на логистика и дистрибуција, значително ја олеснува нивната примена. Дополнително, вакцините ги добиваме во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината - изјави министерот.

Оваа вакцина повеќе од 2 месеци веќе се дава во други земји: Кина, Обединети Арапски Емирати, Јужна Америка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пад на извозот во автомобилската индустрија од 14 проценти е регистриран на годишно ниво во Македонија. Дополнително проблемите со недостигот на микропроцесори од декември лани па наваму веќе резултира со намалување на нарачките во секторот за првиот квартал.

Владата преку закон ќе ја штити земјава од ризици кои може да ги донесе опрема што ќе ја набавуваат електронските комуникациски мрежи, односно телекомуникациските оператори во земјава, а особено оние кои се однесуваат на национална безбедност. Тоа ќе важи за добавувачите и производителите на ваква опрема, пред се оние што се под контрола на Влада на друга држава.

Уникатна и ефективна деловна стратегија на менаџментот на УНИБанка. Во „корона година“ зголемени нето приходи од камати и провизии. Зголемени останати приходи од дејноста. Во годината на големите ризици кои ги носи пандемијата УНИБанка остана доследна на своите корпоративни деловни партнери и на клиентите – физички лица. 

Вакциналниот процес против Ковид-19 во земјава е тотално потфрлање од страна на здравствените власти, оценува доц. д-р. Виктор Камнар од Клиниката за ортопедски болести во денешното интервју за Фактор. 

Владата на неколку пати исплаќала плати за 140 вработени во Исламската верска заедница како државна помош за надминување на кризата во ковид-периодот. Исламската верска заедница е влезена во списокот меѓу стотиците претпријатија кои добиле помош од државата за исплата на вработените. 

Стефан Дечев, бугарски историчар и професор за Фактор изјави дека во догледно време во Бугарија нема да има промена на позицијата кон Македонија. Вели дека според распоредот на сили кој се очекува во идниот бугарски Парламент, промени нема да има во односот кон нашата земја. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ