ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бројката на заразени надмина 1.200, засега нема нови рестриктивни мерки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2021
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 626, Прилеп - 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип - 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:
Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица - 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово - по 1 лице.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.ЗАСЕГА НЕМА НОВИ МЕРКИ
Се наоѓаме во екот на третиот бран, бројот на заболени се золемува, но засега нема потреба од заострување на мерките, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. На пресконференцијата соопти дека во моментов има 11.889 активни случаи што е зголемување од 5.000 случаи во последниот месец.
„Утрово имавме координација на која се зборуваше за последните бројки, правевме анализи. Во оние градови каде имаше зголемување како што се Валандово, Крушево и Прилеп, сега иманамалување, но секако бројот таму е голем, а сега има зголемување на случаите во Скопје, Гостивар и Велес. Ве информирам дека оваа сегашна мерка треба да остане иста и нема да се надополнува. Следната недела ќе се види дали ќе треба нови мерки. За евентуално дополнителни рестрикции ако има потреба, ќе разговараме на состанокот во понеделник, рече Филипче.РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ МУХАМЕД АСАНИ
Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница, Мухамед Асани, а нов ќе се назначи денеска или во текот на утрешниот ден.
Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, по случајот со извадените органи на родилката Јилдиз Веапоска.
Со оглед на неколку интервенции и барања, од семејството и од неколку институции, Хелсиншки комитет, министерот за здравство Венко Филипче донел одлука да се формира уште една комисија за случајот, која ќе ја водат директорите на Карил, директорката на Здаравствен инспекторат, како и други истакнати лекари.РАШКОВСКИ ОДМОРА ВО МЕКСИКО
Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди за ТВ24 секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.
Вели дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.
„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“, изјави Рашковски.
Вчера новинари го прашаа Заев дали Рашковски е во земјава, по што тој рече дека ќе провери и ќе соопши.И вицепремиерот Љупчо Николовски бил на одмор, но од неговиот кабинет не дадоа детали каде одморал.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.