ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес 101 заразен, по што Владата го врати полицискиот час
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
ПОВТОРНО НА СИЛА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Владата донесе одлука за полициски час, целосна забрана за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.
Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро.
Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден.
Групирање на граѓаните на семејни собири, непочитување на мерките при превоз доведе до раст на бројот на заразени.
Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби.
ДЕНЕС 101 ЗАРАЗЕН ОД КОВИД -19
Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Во изминатото деноноќие од компликации од Ковид-19 починале четворица пациенти. Од новозаболените дури 59 луѓе се од Скопје, од Куманово се 12, а од Штип седум луѓе.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 84 годишна пациентка од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починале, пациент од Тетово- 75 години, примен на 24 мај, пациент од Куманово - 71 година примен на 26 мај и пациент од Скопје - 58 години примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.
- Тетово 8
- Велес 2
Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје.
Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.ЈАНЕВА СЕ СОБЛЕКЛА ВО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Екс специјалната обвинителка Катица Јанева денеска на состанок во Државниот завод за ревизија почнала да се однесува дрско и непристојно, а ја соблекла и облеката. Таа заработи и прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Според пријавата во Министерството за внатрешни работи, Јанева останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и одбила да даде изјава во врска со настанот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.