25 Ноември, 2024
0.0277

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес скоро 1.000 заразени, можно е воведување на построг полициски час

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС ИМА 999 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 539, Прилеп и Битола - по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево - по 8, од Ресен и Делчево - по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница - по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 543 оздравени пациенти од:

Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци - по 2, од Неготино, Валандово и Радовиш по 1 лице.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3 отсто во однос на минатата недела. 

ПРИЛЕП БАРА ПОСТРОГ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Општинскиот кризен штаб на Прилеп побара од Главниот кризен штаб, од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести, заострување на мерките за заштита од Ковид-19 кои ќе се однесуваат на целата територија на општина Прилеп.

Полицискиот час, којшто сега започнува во 22.00 часот и трае до 05.00 часот, да започнува во 19.00 и да трае до 05.00 часот наутро. Ваквата мерка, да трае во наредните две до три недели, затоа што во тој период очекуваме овој тн. трет бран на пандемијата да го достигне својот пик.

„Британскиот сој на вирусот стана доминантен во Прилеп, а во последно време меѓу заболените има се’ повеќе помлади лица.

КОМИСИЈА ЌЕ ГО РАСЧИСТУВА СЛУЧАЈОТ СО РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и  лекарскиот третман на родилката од Дебар. 

Комисијата која е составена по барање на министерот, има 5 члена, и има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

ДЕТЕ ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО ГОСТИВАР

Обвинителството излезе со вознемирувачко соопштение, за детето на возраст од седум години, кое почина од пожар во зграда во Гостивар.

Имено, детето за време на пиожарот било врзано со синџир на нозете, а образложението на семејството било дека детето било агресивно. 

„Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на настанатиот пожар во станбена зграда во Гостивар. Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на 7-годишна возраст.

ВЕВЧАНЦИ ДОБИЈА КАЗНИ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА БУГАРСКОТО ЗНАМЕ

Првообвинетиот за палењето на бугарското знаме во Вевчани на карневалот ќе плати парична казна од 7.000 евра, додека останатите двајца обвинети за овој случај ќе останат покуси за по 5.000 евра.

Ова денеска го соопшти Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од мутациите на коронавирусот ќе зависи и текот на туристичката сезона во земјава.  Доколку се појави јужноафриканскиот сој, тој може да ги помати сметките.

Седум пратеници од помалите политички партии, и од власта и од опозицијата, предлагаат измени и дополнувања на Изборниот законик, а предлогот вчера го доставија до Собранието.

Полициски час од 17 часот попладнето до 05 часот утрото, следниот ден од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за земјава за крајот на тековнава недела односно за викенд.

Загребска берза сака да го зголемо учеството во Македонска берза, дознава ексклузивно Фактор. Понудата веќе е доставена, а Комисијата за хартии од вредност  со седиште во Скопје на 16 март веќе издала Решение за согласност за преземање на квалификувано учество поголемо од 10 отсто во Македонска берза.

Вложувањата на големите компании во акции на банки се покажа како оправдан деловен потфат на среден рокособено сега кога економијата се „ломи“ со „корона кризата“. Лани „Гранит“ годината ја заврши со добивка благодарејќи на неговите акции во „Комерцијална банка“ од кои зема еден милион евра дивиденда. Од оперативно работење „Гранит“ лани беше во „тенка“ загуба.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците