25 Ноември, 2024
0.0272

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДИК ги соопшти мандатите, Левица обвини за украдени пратенички места

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ДИК ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ОСВОЕНИТЕ МАНДАТИ

Државната изборна комисија вечерва на седница соопшти дека вчера на изборите гласале нешто над 942.000 гласачи. 

Коалицијата „Можеме“ има 327.329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 315.344, ДУИ 104.587, Алијанса за Албанците и Алтернатива 81.297 гласови. 

Левица има нешто над 37.000, Интегра над 12.000, ГДУ 3.555 гласови. Сите други се со помал број гласови. 

Коалицијата „Можеме“ има 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица  2, и ДПА 1 мандат. 

Во ИЕ 1 Коалицијата „Можеме“ има 8 мандати, ВМРО-ДПММЕ 7, ДУИ 2, Алијанса за Албанците и Алтернатива 2, Левица 1. 

Во ИЕ 2, ВМРО-ДПМНЕ има  7, „Можеме“ 7, ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 3 мандати. 

Во ИЕ 3, ВМРО-ДПМНЕ има 10, „Можеме“ 9, и Левица 1 мандат. 

Во ИЕ 4, „Можеме“ има 10, ВМРО - ДПМНЕ исто 10 мандати. 

Во ИЕ 5, „Можеме“ освои 8, ВМРО-ДПМНЕ 8, ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 1 мандат. 

Во ИЕ 6, ДУИ има 7, Алијанса за Албанците и Алтернатива 6, „Можеме“ 4, ВМРоО-ДПМНЕ 2, и ДПА 1 мандат. 

ЛЕВИЦА ОБВИНИ ЗА УКРАДЕНИ МАНДАТИ

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција изјави дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласови и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4. 

Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК затоа што вели дека ова е „невиден скандал во досегашната изборна историја“. 

Апасиев рече дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

ПОЧИНАА 8 ЛУЃЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.
Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. 
Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.

ДЕНЕСКА СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска попладне за прв пат излезе во јавноста по вчерашните изборни резултати и рече дека најголемата опозициска партија го има кредибилитетот затоа што, како што вели тој, освоила за 10 до 12 илјади гласови повеќе од СДСМ доколку не се смета предизборната коалиција со БЕСА.

Сепак, како што кажа Мицкоски, нема намера да преговара со луѓе осомничени за криминал, без да каже кои се тие.

Со луѓе осомничени за криминал немам намера да преговарам. Кредибилитетот за составување на Влада го има ВМРО-ДПМНЕ. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвива процесот. ВМРО-ДПМНЕ има два мандати повеќе од СДСМ без коалицијата, рече Мицкоски.

Тој најави дека ќе се водат преговори со сите политички субјекти, но дека нема да дозволи тие да се одвиваат „под диктат“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во ГОБ „8 Септември“ денеска се примени седум нови пациенти заразени со корона вирусот во многу тешка состојба. Директорот на овој Ковид-центар, д-р. Христијан Костов за Фактор информира дека од вкупниот број, 93 хоспитализирани во болницата, повеќе од 80 се на кислородна поддршка.

Зошто на гласање не излегоа 264 илјади граѓани, е прашањето што ќе мора да си го постават политичарите, особено лидерите на двете најголеми политички партии од македонскиот партиски блок.

Очекувањата се дека Влада секако ќе се формира, а теоретски најневозможна варијанта е повторување на изборите.

Ова е размислувањето на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу дадено за Фактор, во период кога се уште не е официјално познат бројотна мандатите кои политичките партии ги освоија на последните предвремени парламентарни избори.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Тепачка во Итна медицинска помош = Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош = Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни