27 Јули, 2024
0.0451

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитар Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ЛИДЕР НА СДСМ

Димитар Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ и го повика целото раководство да го направи истото. 

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин.

„Ковачевски го потврди повлекувањето на денешната седница на партискиот Извршен одбор на СДСМ која ја најави на 8 мај, како високо морален чин и согласно Статутот на партија иницираше свикување конгрес заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од конгресот, со оглед на изборните резултати“, информира СДСМ.

НА ПРЕГЛАСУВАЊЕТО ИЗЛЕЗНОСТА Е НАД 55 ОТСТО

55,10 проценти била излезноста, на половина час пред затворањето на гласачките места соопшти Државната изборна комисија(ДИК). 

Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487 избирачи. 

Во ИМ 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98 отсто

Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 325 гласачи односно 69,30 отсто

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 99 гласачи односно 33,22 отсто

Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 356 гласачи односно 50,07 отсто

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 365гласачи односно 55,47 отсто

Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 324 гласачи односно 51,27 отсто

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 472 гласачи односно 62,68 отсто

СПОРНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ РЕАЛИЗИРАНИ САМО СО ПОТПИС НА ИЉАЗИ

Спорните вработувања на Токсикологија биле само со потпис на директорката Бесија Иљази.

Склучените договори за работа на неколку здравствени работници и соработници во Универзитетската клиника за Токсикологија се спротивни на Законот за здравствена заштита и се само со потпис на економската директорка, но без потпис и од медицински директор. Ова го утврди Државниот здравствен инспекторат по третата извршена контрола.

„Што се однесува до потпишување на акти на самата клиника од организацискиот и медицинскиот директор кои имаат заедничка надлежност, во Законот за здравствена заштита децидно стои дека договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, како и за отказни решенија, јавни набавки. Во овој случај станува збор за договори за вработување кои се потпишани само од орагнизацискиот директор“, вели Рената Младеновска, директорката на ДЗСИ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се помалку граѓани ги користат услугите на јавниот превоз. Ова го покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика, кој објави дека во првото тромесечие биле превезени 10.766.000 патници, при што има големо намалување, бидејќи лани истиот период биле превезени 12.995.000 патници.

Оливер Бојковски е бизнисменот чија компанија направи најголема добивка од сите останати во Куманово во 2023. „Мега Доо“ е друштво за изградба на станови и транспорт, а го поседува и малиот „Мега-Мол“ во скопско Ново Лисиче.

„Ај Стаил“, „Ледиком“, „Антариас“ и „Мобеликс“ се најпопуларни продавачи во Македонија на мобилни телефони, таблет комјутери, лаптопи, најчесто производи од Apple и Samsung, но и модели на Google Pixel и Xiaomi.

Младите по завршувањето на основното, но и средното образование се наоѓаат на една животна пресвртница кога треба да изберат каде ќе го продолжат своето школување што ја одредува нивната професија.

Можеби изгледа неверојатна оваа констатација, но македонските банки во април, месецот кој измина, биле буквално „преплавени“ со пари. И како и обично, главни „дарители“ биле граѓаните, се разбира за соодветен надоместок во форма на камата, која, пак, исто така се разбира, е многу пониска во однос на каматите кои банките ги наплатуваат на дадените кредити на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“