26 Јуни, 2024
0.2529

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двајцата уапсени за киднапирањето на внукот на Бошкоски завршија во притвор

Објавено во: Македонија 09 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ПРИТВОР ЗА УАПСЕНИТЕ ЗА КИДНАПИРАЊЕТО НА ВНУКОТ НА ЉУБЕ БОШКОСКИ

Притвор од 48 часа добија две лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот даден од скопското Обвинителство, па лицата со иницијали В.М. и С.Ч. ќе останат два дена во затворот „Скопје“ во Шутка. Двете лица се осомничени за кривично дело Грабнување.

ОД УТРЕ ОСУМ ПАЦИЕНТИ ЌЕ ПРИМААТ ТРИКАФТА

Ова е првата фаза со која почнува терапијата со лекот „Трикафта“ за најтешко болните пациенти од реткото хроничнo заболување цистична фиброза. Едно дете и седум возрасни пациенти веќе од утре ќе почнат да го примаат лекот кој од денеска веќе е на Клиниката за детски болести.

- Лекот од утринава веќе е пристигнат на Клиниката, и веќе ги примаме пациентите кои треба да почнат со терапијата. На Детската клиника ќе примиме шест пациенти, а двајца ќе се водат на Клиниката за пулмологија. 

БОКИ 13 ПРЕД ОПЕРАЦИЈА СО ВИСОК РИЗИК

Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски или Боки 13 алармира дека животот му е загрозен поради неможност за лекување во затворски услоби. Тие посочуваат дека по направен преглед на Боки 13 во вторникот (07.03) му било констатирнао аларматно влошување на здравствената состојба. 

- На ден 07.03.2023 на ЈЗУ УК за ГЕХ Скопје, на осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, му беше напревена Горнодигестивна ендоскопија, Гастроскопија , при која инвестигација, во наодот од истата е констатирано крајно и алармантно влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник, бидејќи врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран, односно со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови - се посочува во соопштението од правниот тим. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Првиот човек на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, купил 1.000 акции од банката со која раководи долги години, а повеќе од него акции, односно 1.500, купила членката на Управниот одбор на банката, Наталија Алексова.

Колку имаме жени директорки и дали тие успешно раководат со своите компании, подеднакво како и мажите? Вчерашниот празник, Денот на жената, 8 март, бил интересен повод за Берзата да направи истражување на македонските акционерски друштва.

Земјотресите кои ја погодија Турција, но и постојаното тресење на тлото, како во Труција, така и во соседството создаваат немир кај граѓаните. Најчестото прашање кое граѓаните го поставуваат е дали може да се предвидат земјотресите, и како да се заштитат при посилен удар. 

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра