25 Април, 2025
0.0310

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Две лица се уапсени за пукањето во Арачиново

Објавено во: Македонија 02 Април, 2024 21:33

Добивај вести на Viber

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ДВЕ ЛИЦА ЗА ПУКАЊЕТО ВО АРАЧИНОВО

Полицијата уапси две лица за пукање кон градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави Сител.  Извори од МВР велат дека полицијата уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка пукаше кон Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Во меѓувреме, од торакалната клиника информираат дека состојбата на 21-годишниот А.А. е стабилна состојба и се опоравува. Во добра состојба е и Е.С. кој е во Градската болница и се очекува за неколку дена да биде отпуштен на домашно лекување.

Градоначалникот трипати досега беше нападнат. 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ НЕМА ДА СЕ СООЧАТ

Нема да се одржат мастер дебати со сите претседателски кандидати, информира денеска тимот за комукации на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

-За жал, и покрај најдобрите намери во овој процес и соработката меѓу изборните штабови, политичките и медиумските околности во моментот не се одржливи за да се создадат услови за одржување на овие „мастер дебати“, се посочува во соопштението. 
 

Оттаму посочуваат дека изминатиот период, преку интензивна комуникација на изборните штабови на сите седум претседателски кандидати беше постигнат консензус за одржување на две големи т.н. „мастер дебати“.

ЗИЈАДИН СЕЛА ГИ ДОБИ ПЕЧАТИТЕ ОД АА

Зијадин Села ги доби печатите на Алијанса за Албанците со одлука на тетовскиот суд. 

Со судската одлука, печатите му припаднаа на крилото на Села. Тоа крило веќе одлучи да се приклучи на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. Крилото на Арбен Таравари се приклучи на коалиција Вреди, во која се опозициските партии на Албанците. Раскол во партијата настана поради настапот на изборите. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од јавното претпријатие за државни патишта, како што велат од таму, барем засега не планираат да го следат грчкиот пример и да го поскапат надоместокот за патна такса. Нов ценовник по изминат километар нема веќе пет години.

Германија се соочува со предизвици со својот пензиски систем. Се зголемува бројот на пензионери, а се намалува бројот на вработени. Министерот за финансии предлага инвестирање во акции, но опозицијата критикува.

Најголемата охридска хотелиерска компанија „Метропол“ која управува со 378 сместувачки единици во три хотели веќе најави дека оваа година ќе ги зголеми инвестициите, ќе работи со зголемена добивка, а ќе се зголемат и цените за оваа сезона од 15 до 20 отсто.

Што се случува во една од досега најсилните и најуспешните странски инвестиции во земјава, Ван Хол?


Можеби ќе ве интересира

ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи