08 Октомври, 2024
0.0359

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

СРЕДБА МИЦКОСКИ - ВУЧЕВИЌ ВО СКОПЈЕ

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи. Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ.

Мицкоски рече дека разговарале за предизвиците со кои се соочува регионот, и посочиле дека е неопходно „во овие турбулентни времиња, да бидеме заедно, да бидеме глас на разумот и да работиме кон стабилност и безбедност на целиот регион“.

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ

Првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи за лажно пријавување. Истото ќе го направат и неговите соработници за кои претходно имаше пријава. 

Тој остро реагираше на последните обвинувања за наводни неправилности во врска со одредени имотни постапки во општината. Според него, се работи за политички монтиран процес. Јакимовски рече дека целата ситуација е резултат на пропаганда и обиди за политичко влијание, со цел да се дискредитира неговото работење.

ИМА НАДЕЖ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Сега веќе се појавуваат можности наставниците да добијат покачување уште годинава. Ова го најави министерката за образование, Весна Јаневска.  Таа вели дека она што СОНК го бара ќе можат да го остварат со тек на време. 

„И очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците. За разлика од пред неколку месеци каде што можностите речиси беа исцрпени сега веќе се појавуваат“, вели Јаневска. 

Од СОНК бараа платите на наставниците да се зголемат веднаш и кадарот да не чека до идната година.

ИНСПЕКТОРИ ПРАВАТ КОНТРОЛИ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА И КОЗЛЕ

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од утринава вршат инспекциски надзор во болницата Козле и Детската клиника во Скопје, откако завчера почина 14 месечно дете, а претходно неговите родители барале да биде хоспитализирано, но не е примено на Детската клиника во Скопје, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој по одбележување на Денот на органодарителството одговараше на новинарски прашања. 

Министерот за здравство, Таравари истакна дека утринава имал состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во малите места нема содржини што ќе го направат престојот интересен, таму не секогаш има голем број сместувачки капацитети, а онлајн нема податоци за транспортот од еден град до друг. Во државата има кучиња скитници кои ги застрашуваат луѓето, а таксистите ги мамат странците.

Кога пред повеќе од 100 дена се собраа клучните бизнисмени во земјава да ги слушнат идеите на премиерот Христијан Мицкоски во Стопанската комора на Северна Македонија, најмоќната и најрепрезентативна стопанска асоцијација во државава, беа кажани убави зборови и дадени силни ветувања и сугестии и од двете страни, а сѐ со една највисока цел, како да им се олесни работењето и да се подобри деловната клима на компаниите, да се забрза економскиот развој и да се постигне повисок животен стандард на граѓаните. 

Советите и предлозите од нашиот повеќедецениски економски и финансиски ментор, Меѓународниот монетарен фонд, секогаш биле добредојдени за земјава. Нивните предлози за чесно и одговорно работење и за разумно трошење на народните пари, доколку навреме се прифатени, сигурно ќе доведат до посилен и побрз економски напредок на Македонија.

Највисоката просечна нето плата во македонскиот банкарски сектор лани ја плаќала „Комерцијална банка“ и таа изнесува 1.243 евра. Просечната нето плата на ниво на банкарски сектор лани изнесува 952 евра, најмалата просечна нето плата ја исплаќала најмалата од банките односно „Капитал банка“. Македонските 12 деловни банки лани вработувале 5.854 лица за чии плати исплатиле 66,9 милиони евра

Поранешниот царински бос и осуденик за криминал Драган Даравелски го презеде градежното акционерско друштво Козјак од Куманово под свое управување. Акционерското собрание во септември донело одлука Даравелски, кој 20 години беше во бегство надвор од Македонија, да биде поставен за генерален извршен директор.

Цените на надвижнините во Македонија продолжуваат да растат. Иако темпото на поскапување е успорено, сепак, и во третиот квартал цените на становите во земјава поскапеле. 


Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода