ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eпидемијата не стивнува, за едно деноноќие 156 инфицирани од Ковид - 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Јуни, 2020
ПОЧИНАА 6 ЛУЃЕ, А ИМА И 165 НОВИ ЗАБОЛЕНИ
За едно деноноќие има 156 нови случаи на заболени од Covid-19, a резултатот е добиен по изработени 1227 тестови, информираа од Министерството за здравство.
Распоредено по градови: Скопје – 100, Тетово – 19, Кочани – 13, Велес – 6, Штип – 6 и Струга – 2.
По еден случај во: Свети Николе, Кратово, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово и Дебар.
29 пациенти се излекувани, а починаа 6 пациенти.
Со ова вкупниот број позитивни тестови во Македонија достигна 4.820. Излекувани се 1.865, а починале 222 лица.Скопската Општина Чаир се уште е лидер по бројот на заразени од коронавирусот.
Во главниот град, заклучно со вчера најмногу случаи на позитивни има во Чаир – 352, а потоа следуваат Гази Баба – 128, Аеродром со 127, Центар – 123, Бутел – 117, Карпош – 108, Сарај – 109, Кисела Вода – 82, Ѓорче Петров – 63, Студеничани – 75, Шуто Оризари – 54, Арачиново – 44, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 и Сопиште – 11.
Во Скопје има и 4 позитивни случаи на странци додека 51 случај не се распределени по општини.Во Дебар од 5 јуни наваму има 12 новозаразени од коронавирусот.
Се очекува дека и понатаму ќе има нови случаи.
Таткото на градот, Хекуран Дука на денешната-прес конференција, одржана по средбата со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи тој, епидемиолошката состојба ја оцени како алармантна.ОБЈАВЕНИ „БОМБИ“ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“
Нови аудио бомби се објавија на „Ју тјуб“ поврзани со случајот „Рекет“, за кој вчера беа осудени шоуменот Боки 13 на 9 и екс обвинителката Катица Јанева на 7 години затвор.
Под псевдонимот „Алибаба Тредичи“ објавени се два разговори, на кои како што тврди објавувачот, наводно се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.
Во објавените разговори, Димишков со соговорникот го споменува Камчев, но зборува и за милионски суми на евра.
Објавените снимки траат по неколку минути, но објавувачот тврди дека целиот разговор е 57 минути.СДСМ ИМА ПРОТОКОЛ ЗА СОБИРИ
Коста Петров, потпретседателот на СДСМ, ги објави основните заштитни мерки на владеачката партија во текот на изборната кампања, во која нема да има собири со повеќе од 50 луѓе на отворено и 30 на затворено, а исто така и нема да има активности од „врата до врата“.
- Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ве уверувам дека ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули. Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања. До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери. Другата група активности се офлајн и опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци , информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани., рече Петров.
Според протоколот кој го објави СДСМ, сите присутни на јавен настан или состанок мора да носат заштитна маска, мора редовно да ги мијат рацете или да вршат дезинфекција, која ќе ја обезбеди организаторот, да одржуваат растојание од 2 метри Околу локацијата на секој јавен настан ќе бидат поставени КОВИД-19 заштитни станици – пултови, на кои ќе има средства за дезинфекција и маски На јавните настани е забрането внесување на храна и пијалаци.
Подготовката на настаните ќе се одвива онлајн, за да се избегне непотребно физичко групирање.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.