ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фајзер има нов услов, во понеделник ќе се разговара за нови рестрикции
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2021
ФАЈЗЕР ИМА НОВ УСЛОВ ЗА ВАКЦИНИТЕ
Дополнително барање во однос на договорот со Фајзер стигнало пред три дена од компанијата, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Рече дека процедурата се одложила токму поради вакви услови од оваа компанија, а последниот е за одговорноста од евентуални несакани ефекти од вакцината.
„На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација“, рече Филипче.ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА НОВИ РЕСТРИКЦИИ
Зголемување на времетраење на полициски час и скратување на работното време на угостителските објекти е следниот чекор на заострување на мерките за заштита од Ковид19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Сепак тој додаде дека очекува полицискиот час кој сега е на сила да даде резултат, а ако треба нова проценка ќе се прави на почетокот на следната недела.
„Денеска имаме под 1.000 заболени и ние очекуваме растот на новозаболени да забавува. Спремни сме да препорачаме дополнителни рестрикции, но во во консултација сме со докторите и цениме дека засега нема потреба дополнителни рестрикции, рече Филипче.
Додаде дека во последниот период имаше забрзано полнење на интерните клиники. Се обезбедува дополнителен простор за лекување. Отворен е дел на пластична хирургија и едно одделение на приземје кои практично се на располагање. Филипче рече дека ќе се обезбедат дополнително 100 кревети.ДЕНЕС ИМА НОВИ 999 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.ВЛАДАТА ПРОВЕРУВА ДАЛИ ОСМАНИ ЛОБИРАЛ ЗА КОСОВО
Кој е ставот на Владата на изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека министерот за надворешни работи Бујар Османи во Шпанија лобира и за признавање на Косово и дали е тоа државна надворешна политика на Владата или лична изјава на Османи и кој е ставот на Владата за изјавата на Груби дека Косово е високо на приоритетите на Македонија, владиниот портпарол Душко Арсповски рече дека навистина за ова Владата во моментов нема коментар.
„Ги проверуваме сите овие наводи за кои зборувате и ќе се изјасниме за ова откако ќе имаме увид во тоа“, рече Душко Арсовски.
ДИЈСПОРАТА СЕ АКТИВИРА ЗА САМОПОПИШУВАЊЕЈасмина Ѓоргиева, портпарол на Државниот завод за статистика, вели дека се чувствува дека во последниве денови како да стивнува тивкиот бојкот на нашинците од дијаспората во однос на самопопишувањето.
„Во однос на тивниот бојкот на нашинците од дијаспората на пописот, да, точно е дека се почувствува во сите јавувања на нашинците од надвор, дека постои такво нешто, но е еве веќе во последниве денови е сменет наративот, и оние кои во првите денови апелираа луѓето од надвор да не се попишуваат, сега веќе повикуваат буквално сите кои ги исполнуваат условите за самопопишување да го сторат тоа, бидејќи се смета дека тоа е еден патриотски чин и навистина е долг кон својата татковина“, рече Георгиева.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.