ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче ги отфрли обвинувањата за вакцините, а Каракачанов објави список на луѓе кои имаат бугарски државјанства
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Март, 2021
ФИЛИПЧЕ ГИ ОТФРЛИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА НАБАВКАТА НА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ
Министерот за здравство, Венко Филпче денеска на прес конференција ги отфрли сите обвинувања кои се однесуваат на сомнителни постапки при набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм. Рече дека како Влада и како министерство секогаш се водат по два принципа, а тоа се внимателност и регуларност и дека не станува збор за никакви незаконски дејствија, односно провизии, за кои се обвинети.
„Не станува збор, апсолутно, за ништо незаконски, за ништо нерегуларно, не станува збор за некакви провизии или било што за што овие денови ме обвинува опозицијата“, рече Филипче.
-Владата и Министерството за здравство од почетокот на процесот за набавка на вакцините интензивно комуницира со голем број компании и производители. Имаме два принципи по кои се водиме: внимателност и регуларност. Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за незаконски постапки, провизии, и жал ми е што сето ова излегува во опозициските медиуми, истакна министерот Филипче.
Тој ги изнесе и деталите во однос на тоа како се обиделе да ги набават кинеските вакцини.ДЕНЕС ПОВТОРНО НАД 900 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино - 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од:
Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 21 починати лица.КАРАКАЧАНОВ ОБЈАВИ СПИСОК СО ИМИЊА НА ЛУЃЕ КОИ ПОСЕДУВААТ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВА
Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, во изјава за Сител вели дека никаде во својата објава не кажал дека објавените имиња се македонски политичари.
Вели дека македонските политичари одамна станале мајтап, не само во Македонија туку во целиот свет.
„Но, во Бугарија законот е ваков: 40 дена пред изборите секоја општина објавува списоци на луѓето кои имаат право на глас. Јас си поиграв малку, и почнав да ги гледам кои може да гласат во Ќустендил, Благоевград, Софија и има многу македонски со бугарско државјанство. И има многу интересни имиња.“, вели Каракачанов.
Тој потоа кажува дека никаде во објавата не кажал дека се поранешни или сегашни политичари и пратеници.
Каракачанов претходно објави дека на избирачкиот список имало имиња како Александар Николоски, Марија Петрушевска, Антонио Милошоски, Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Иван Јорданов, Игор Здравковски, Марија Андоновска, Бојан Стојановски, Дејанчо Ефтимов и Здравко Трајанов.
Никола Мицевски, кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, демантира дека пратеници и функционери на партијата имаат лични карти и државјанства на Република Бугарија.12 ЛУЃЕ ГО ПРЕКРШИЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Министерството за внатрешни работи објави дека синоќа имало 12 прекршувања на првиот ден од забраната за движење од 22.00 до 05.00 часот како мерка против ширењето на Ковид-19.
„Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата. Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движењеЧИТАЈТЕ УШТЕ
На одделот за Физикална терапија во болницата во Штип сите тројца лекари се позитивни на ковид.
„Таму ќе мора да ја прекинеме работата. Ќе се снаоѓаме со пациентите што имаат потреба“, изјави за медиумите д-р. Ален Георгиев, директор на штипската опшат болница.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.