25 Ноември, 2024
0.0448

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче вели можеме сами да спроведеме имунизација, денес нови 307 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА МОЖЕМЕ ДА СПРОВЕДЕМЕ ИМУНИЗАЦИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по донирањето на две амбулантни возила од Општина Чаир на Здравствен дом-Скопје, одговарајќи на новинарско прашање рече декатокму вчера разговарале со претставници на компанијата Фајзер во Белград. Тој нагласи дека всушност станува збор за два договорасо оваа компанија за набавка на вакцините, и за оние кои Македонија ги купи директно од Фајзер, како и за 8.000 дози скои треба да ги купиме од Србија. Работиме и на двата договори, рече министерот. Тој искористи прилика да се заблагодари на понудата премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, македонските лекари да одат таму и да се вакцинираат, посочувајќи дека процесот на имунизација можат успешно да го спроведат тука.

– Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие вакцини во нашата земја. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот, истакна  Филипче.

Истовремено тој посочи дека и покрај тоа што бројот на новозаразени се намалува, се уште треба да бидеме внимателни, особено сега со почетокот на второто полугодие во училиштата.

ДЕНЕС 307 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3,  Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и Пехчево-2.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.).  Сите пациенти се починати во болнички услови.

РАМКОВНО ВРАБОТЕНИТЕ КОИ СЕДАТ ДОМА ЌЕ ДОБИЈАТ АНГАЖМАН

Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Државното правобранителство ќе превземат најмногу од 1.349-те „рамковно“ вработени од Министерството за политички систем и односи на заедниците.

МВР превзема 143, кај УЈП одат 92, а во правобранителството се селат 74, набројуваше првиот вицепремиер Артан Груби, претставувајќи го планот за распределба на административните службеници кој веќе е усвоен од Владата.

Во Управата за водење на матични книги ќе одат 41, а 35 во Државен пазарен инспекторат. Во Министерство за надворешни работи ќе одат 26, во Клиничка болница Тетово 25. Агенцијата за заштита на лични податоци добива 30, додека Агенцијата за катастар 29. 

„Упатните решенија веќе ги потпишав и процедурата може да започне. Доколку некој не дојде за седум дена да го земе решението, ќе биде ставен на трансфер-листата во Министерството за информатичко општество и администрација, рече Груби.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За Луис Барето од Меделин, Колумбија и Ниургујана Осипова од Јакутиа од Сибир, ниту студеното време ниту пандемијата на коронавирусот не се пречка за да патуваат и да го истражуваат светот.

Денеска ќе биде исплатена четвртата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници што ги издаде УНИБанка. Таа беше прво друштво што во 2019 година издаде вакви обвврзници кои сега котираат на Македонска берза, а Ѕвонко Станковски директор на Дирекцијата Трежри во банката во интервју за Фактор вели дека инвеститорската јавност веднаш го препознала и го прифатила овој нов инструмент како долгорочна инвестиција.

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Премиерот Зоран Заев, кој минатиот мандат имаше помала плата од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сега има најголема. Претседателот на Владата добива 87.813 денари, што е за 348 денари помала од таа што му беше пред изборите.

Откако банките не сакаа да попуштат и децидно ставија до знаење дека ќе им ги дадат шесте илјади денари на граѓаните кои не успеаја навреме да си ги земат само доколку пролонгирањето се стави во законска рамка, Владата сега носи закон со кој рокот за исплата на овие средства се продолжува до крајот на март.

Проф. д-р Никола Јанкуловски е ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и еден од најдобрите и најдокажани лекари специјалисти од Македонија. Негова научна област е абдоминалната хирургија, а како ректор веќе во втор мандат е посветен на реформите во високото образование. Очекува во 2021 година човештвото да извојува конечна победа над вирусот Ковид-19 и конечно да се стави крај на ова големо планетарно зло кое ја одбележа 2020 година. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Тепачка во Итна медицинска помош = Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош = Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни