ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2020
ДЕНЕСКА СЕ ГЛАСАШЕ
340 луѓе кои се во самоизолација гласаа денеска до 15 часот.
Започна тридневното гласање за десеттите по ред парламентарни избори кое ќе заврши во среда.
Први кои денеска го остваруваат своето право на глас се болните од Ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација.
Утре ќе гласаат над 8.800 болни и немоќни.НОВИ 88 ЗАРАЗЕНИ ЗА 24 ЧАСА
Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во, напиша министерот Венко Филипче.
-Скопје 30
-Куманово 8
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Струга 11
-Велес 1
-Битола 1
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 1
-Пробиштип 1
-Кратово 1
-Свети Николе 1
-Кичево 8
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:
-Скопје 70
-Штип 6
-Прилеп 4
-Тетово 31
-Велес 3
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Кичево 1
-Ресен 4
-Неготино 1
AНГЕЛА ДОБИ 19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА ПИНО
Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затворска казна за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо - Пино, кој беше убиен под контроверзни услови и неговото тело беше пронајдено дури по реакцијата на неговата мајка и притисокот од јавноста.
Судот второобвинетата ја прогласи за виновна затоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан, кој е во бегство.УТВРДЕНО КАКО ЌЕ РАБОТАТ КАФУЛИЊАТА, БАЗЕНИТЕ, ПЛАЖИТЕ
Веќе нема да има ограничувања за угостителските објекти.
На 76- та седница, Владата донесе одлука со која се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска.На 76-та седница на Владата донесени се протоколите за работата на базените и плажите.
Владата на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести.
„Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 - 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, задолжително е точното и видливо информирање на посетителите со информативно - едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, како и со гласовно информирање за придржување кон препораките“, информираат од Владата.
ВО КОСОВО САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ
Македонските граѓани во Косово ќе можат да патуваат со негативен корона тест.
Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора од утре ќе треба да достават негативен ПЦР-тест, и тоа само доколку имаат дозвола за престој или имаат закажано лекување на Косово, објавија косовските медиуми.
Косовската влада ќе бара од граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.