ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаат болните, немоќните и затворениците, а денес имаме 135 позитивни на Ковид - 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Јули, 2020
ДЕНЕС ГЛАСААТ БОЛНИТЕ, НЕМОЌНИТЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ
Денешниот е ден за гласање на болните и немоќните, лицата во домовите за возрасни, затворениците и притворените.
Вкупниот број на граѓани кои имаат право на глас денеска е 8.855, а до 15 часот гласале 7.170 лица.
Исполнети се сите услови за безбедно гласање, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).
Ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат.ИМА 4 ПОЧИНАТИ И 135 НОВИ ЗАРАЗЕНИ OД КОВИД -19
За едно деноноќие има нови 135 заразени во Македонија.
Денес имаме повеќе заразени од вчера.
Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.
Податоците ги соопшти Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 142 оздравени лица од: Скопје-68, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-15, Струга-15, Охрид-15, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-5, Свети Николе-6, Ресен-4.
ОД УТРЕ НА ПЛАЖА СО ПОМОШ НА ВАУЧЕРИТЕ ЗА ТУРИЗАМ
Од утре граѓаните кои ги исполнија условите и добија ваучери за туризам ќе може да ги искористат во некој од сместувачките капацитети кои се во проектот. Ваучерите впрочем можат да с екористат од 15 јули до 15 декември годинава.
Со ваучерите кои ги земаа 117.122 граѓани а на кои имаат по 6.000 денари за да се смесат во некои домашни капацитет, Владата очекува да го промовира и да го помогне домашниот туризам.
Агенцијата за туризам очекува годинава домашните гости да направат повеќе од два милиона ноќевања.МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПОКАЖАА РЕВОЛТ
Односот на властите е повеќе од скандалозен, како воопшто да не постоиме, а преку нас оди сè што се случува во овој кризен период. Постојано се апелира пациентите да не чекаат влошување на симптомите, а имаме проблеми со закажување за тестирање поради воспоставениот алгоритам. Тоа ние како лекари треба да го правиме според наша проценка, а не да чекаме алгоритмот да го одобри тестирањето. Истовремено, треба да ни се помогне околу снабдувањето на медицинска заштита и средства за дезинфекција, бидејќи од почетокот на епидемијата до сега сè сами си купуваме. Не нема ниту во наградените, меѓу оние кои добија 40% од платата во платежни картички. Можеби не сме ангажирани директно во болниците, но ние сме исто така први на удар во целата оваа борба со корона вирусот, изјавија за Фактор матични лекари од неколку ординации во Скопје.
Министерството за здравство е изненадено од денешниот протест на матичните лекари и причините кои се наведуваат за истиот, односно наводен игнорантски однос на власта и наводно непостоење поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денес. Во однос на точките кои ги наведуваат како спорни Министерството за здравство го појаснува следново.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.