ФАКТОР НА ДЕНОТ: Идната недела треба да стигнат кинеските вакцини, денес има 373 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Февруари, 2021
СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТРЕБА ДА СТИГНАТ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ
Премиерот Зоран Заев најави дека кинеските вакцини земјава ги очекува до крајот на следната недела.
„Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на следната недела, денеска е веќе прв работен ден после кинеска нова година. Нашата амбасада и кинеската амбасада тука, заедно со компаниите што помагаат со Синофарм, мислам дека веќе ги прават последните чекор. Знаете дека парите се платени од страна на државата. Сето тоа ги потврди следните чекори, околу транспортот, пакувањето, осигурувањето, гаранциите кои треба да се обезбедат, и верувам дека се ќе тече во следните денови и ќе имаме сериозен идентитет за да ги одржиме датумите до крајот на месецот, односно до крајот на следната седмица“, рече премиерот Заев.
Како што е познато земјава очекува 200.000 кинески вакцини.
ЗА 24 ЧАСА ИМА 373 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово - по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.
Регистрирани се 309 оздравени пациенти од:
Скопје – 114, Охрид – 40, Кавадарци – 20, Куманово – 18, Струга – 16, Велес – 14, Тетово и Прилеп – по 12, Кичево и Неготино – по 8, Битола – 7, Демир Капија – 5, Штип, Струмица и Кочани – по 4, Гевгелија, Берово и Крушево – по 3, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г).РЕАКЦИИ ЗА МЕНУВАЊЕТО НА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ
ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА МАТУРАТА
Изнајдено е заеднички прифатливо решение помеѓу средношколците и владата. Информацијата на заедничка прес конференција ја соопштија премиерот Зоран Заев и лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи. Како што кажа Ходаи, со владата меѓу другото е договорено да има два екстерни испита, а третиот е симнат на ниво на интерен испит.
„Со тоа ниту еден матурант не би имал проблем со упис на факултет тука или во странство и повторно би го имал потребниот број предмети кои му се бараат за упис“, рече Ходаи, додавајќи дека со владата е договорено и скратување на испитните програми.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.