ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изборите се распишани, а од утре се отвораат границите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
РАСПИШАНИ СЕ ИЗБОРИТЕ, ПАРТИИТЕ СТАРТУВАА СО ВЕТУВАЊА
Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, на денешната прес-конференција на партијата рече дека недела ќе биде прогласен за неработен ден за сите работници и дека ќе се зголеми минималната плата.
- Ќе успееме и ќе работиме сите, без разлика кој од која партија е, или ќе царуваат локални шерифи, неработници и криминалот. ВМРО-ДПМНЕ во текот на корона-кризата ниту еднаш не ги повика граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки и го исмеваа здрватсвениот систем, рече шефот на изборниот штаб на владеачката партија.
Стравот од изборен пораз, не е и не можеше да биде легитимна причина да се бега од волјата на народот.
Ова на фејсбук го напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој нагласува дека ова посебно не треба да важи за партија која постојано го узурпира и се дрзнува да зборува во името на народот.
„Како што не смееше да биде ниту легитимна причина за бојкот ‚ценкањето' дали изборите ќе бидат на 5 јули или десет дена подоцна.
Внимавајте, не зборувавме овде за немање услови за фер мегдан, за притиснати медиуми, за полиција ставена во функција на владејачките партии (полицијата впрочем ја води министер од редовите на опозициската партија), за пазарни инспектори кои се испраќаат по “непослушни” компании.СЕ ОТВОРААТ ГРАНИЦИТЕ, ХОТЕЛИТЕ, БАЗЕНИТЕ
Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни.
За влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
„Останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест. Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава“, информираа од Владата.
Базените ќе почнат со работа, но само за пливачките клубови.
Граѓаните засега нема да можат да се разладуваат на базен.НОВИ 134 ЗАБОЛЕНИ И 8 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Во последните 24 часа се регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 од направени 1173 тестирања во Македонија, објави Венко Филипче, министерот за здравство, а има и осум починати лица.
Најголемиот број на позитивни се во Скопје со 97 случаи, додека во другите градови се помалку и следуваат Тетово 11, Ресен 7 Куманово 5 и Струга со 3.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Тони Стојановски на местото на Коста Костовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.