25 Ноември, 2024
0.2522

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе се попишуваме во септември, изборите се одложуваат за втората половина на октомври

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Март, 2021

Добивај вести на Viber

СЕ ОДЛОЖУВА ПОПИСОТ, НО И ИЗБОРИТЕ

Договорено е пописот да се одложи за септември. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека е задоволен и дека е отворена вратата за нови средби.  Вели дека во борбата со невидливиот непријател кој не бира боја, вера и нација, треба да покажат државотворен капацитет.

„Главно беше да спасиме што повеќе човечки животи, и да спасиме семејства од трауми. Не сакаме да политизираме. Во животот има моменти кога консензусот е многу важен“, рече тој. 

Утре ќе има измена во изборен законик кој се однесува на терминали за отисок од прст. Се согласиле да ги охрабрат преговорите за другите измени во изборниот закон, за изборен модел односно една изборна единица, отворени листи за следните локални избори, избор за градоначалник во прв круг, и гласањето на дијаспората надвор од ДКП.

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во рамки на парламентарното мнозинство за сите закони за евроинтеграцијата, односно реформи и она што е врзано за пандемијата и мерки за помош на стопанството. 

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека се договориле пописот да се одложи за септември и да се реализира од 5 до 30 септември. 

Целта е попишувачите дотогаш да ги примат и двете дози вакцини. Дијаспората дотогаш ќе може да се самопопишува и Заев повика граѓаните да се попишат. 

„Физичкото попишување е секако поризично од онлајн попишување“, рече Заев. 

Изборите наместо во првата половина, ќе се одржат во втората половина на октомври. Кампањата ќе почне по пописот. 

OД СРЕДА ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПОВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ

Вакцинацијата почнува во среда, а околу 20 илјади граѓани кои имаат над 75 години ќе се вакцинираат со вакцините на АстраЗенека кои вчера пристигнаа во земјава. 

„Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините од АстраЗенека кои пристигнаа во земјава, да бидат пуштени во употреба. Денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјава и во среда ќе почне прлоцесот онака како што најавивме. Дваесет илјади граѓани кои се пријавија и се на возраст од над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден ќе добијат термини преку матичните лекари, зависно од местото на живеење, во кој пункт, и во кое точно време, од среда натаму да се јават на вакцинација. Разговараме со повеќе заинтересирани институции, постепено се генерираат и други списоци, за да понатаму, во текот на месцот бидеме спремни да и други категории граѓани се вклучат во процесот“, рече министерот за здравство Венко Филипче. 

Според него, постарите лица мора да бидат повикани од матичните лекари, бидејќи пред вакцинацијата ќе мора прво да се процени нивната здравствена состојба.

УШТЕ 41 ПОЧИНАТ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.

Регистрирани се 1169 оздравени пациенти од:

Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово - по 14, Струмица - 13, Свети Николе, Валандово и Богданци - по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар - по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2, Охрид – 1.

Пријавени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (72г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.

СЕ ПРОШИРИЈА ЛАЖНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и проф. д-р Дејан Докиќ, денеска во 13:00 часот ќе дадат изјава за медиумите во дворот на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, најавија од Министерството за здравство.

Најавата следува откако претходно во текот на утринските часови се споделуваше текст кој наводно го напишал д-р Докиќ. Подоцна тој демнатираше дека воопшто го напишал текстот.

МАКЕДОНЕЦ КОЈ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ВО НИШ ПАДНАЛ ВО КОМА

Човек на 73 години за кој се тврди дека е од Македонија, но без прецизни информации од каде точно не е во свесна состојба и е хоспитализиран на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Македонецот ја примил вакцината и неговата состојба наеднаш се влошила, потврдува директорот на центарот Зоран Перишиќ, пишува „Јужне вести“.

„Нема никакви промени во неговата состојба од вчера“, изјави Перишиќ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЈП Водовод и канализација - Скопје тврди дека на ниту едно возило не му е дозволено да се движи по плоштадот, по пропаѓањето на метларката на ЈП Комунална хигиена во партерната фонтана, популарно наречена Џампинг џет, на градскиот плоштад.

Откако почна пандемијата на коронавирусот, нагло се намали обемот на работа кај судските преведувачи.

На еднаков дел на двете деца го поделил сопствеништвото во РИК Силекс АД Кратово, починатиот бизнисмен Љубисав Иванов Ѕинго. Компанијата соопшти дека е извршена поделба на 54,25 отсто од акциите на друштвото. 

Ако некој го погледне извештајот на Министерството за финансии за тоа како се трошат капиталните инвестиции од поединечните државни институции, како што се министерствата, фондовите, агенциите, дирекциите и комисиите, сигурно дека ќе помисли дека правењето на овој извештај е ни помалку ни повеќе, туку буквално бадијала.

Во Македонија го препознаваат најмногу по компанијата „Сеавус“ која неодамна беше купена од чешката групација АРИКОМА.

Агенцијата за електронски комуникации и била донатор на Владата со 20 милиони денари минатата година, во помалку чудна трансакција ако се знае дека регулаторот на мобилните и кабелските оператори вообичаено ги помага граѓанските и јавно-општествените институции.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа