ФАКТОР НА ДЕНОТ: Коцевски го повика да пријави, a Ѓорѓиевски веќе имал средба со Финансиската полиција
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2025 22:11
КОЦЕВСКИ ГО ПОВИКА ЃОРЃИЕВСКИ ДА ПРИЈАВИ АКО ИМА ДОКАЗИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ
Jaвниот обвинител Љупчо Коцевски го охрабри скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да пријави злоупотреби во јавните претпријатија ако има докази.
Вели дека Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави.
„Во однос на изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази е надлежен и тоа може да го пријави на надлежните органи, да ги донесе тие документи, евентуално што го има, во Јавното обвинителство. И, досега Јавното обвинителство, така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму и доколку навистина има злоупотреби, ние немаме проблем, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
ЃОРЃИЕВСКИ ИМАЛ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈАПоранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, за прв пат се огласи во јавноста по изборите и предавањето на градоначалничката функција.
Во објавата на Фејсбук, таа директно му се обрати на нејзиниот наследник, Ѓорѓиевски и му рече дека лаже за изјавите.СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ ЌЕ ГО ЗАСТАПУВААТ 15 ОБВИНИТЕЛИ
Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече, дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




