15 Декември, 2025
0.0501

ШТОТУКУ ДОБИВТЕ ОТКАЗ: Како побрзо да најдете нова работа?

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2025 08:07

Добивај вести на Viber

Луѓето кои се соочиле со отказ од работа, велат дека настојувале што побрзо да најдат нова работа, така што ги проверувале огласите, контактирале колеги, се јавувале во компании и прашувале дали им се потребни работници.

Имало и обратни случаи, кога работодаваците ги контактирале работниците кои се без ангажман, посебно доколку се работи за дефицитарни струки.

„Нас газдите од истиот сектор нѐ бараа ако бевме без работа, но и ние бевме активни, си прашувавме“, вели средовечна жена.

Секој има различно искуство со барањето работа. За некои луѓе тоа одело лесно, за други истото значело да чекање со месеци.

„На интернет барав огласи, се информирав каде има добри услови. Најдобро е преку познаници да се добие информација за одредена фирма, но кога немав такви луѓе околу мене, одев на разговор, ќе ми кажеа кои се условите и си одлучував дали ми одговара“, рече младата Бојана Алексовска.

Ленче Томова, сертифицирана кариерна советничка вели дека во случај на отказ, работникот најлесно ќе најде работа ако постапи организирано, активно и флексибилно. Како што објаснува, за полесно да најде работа по отказ, работникот треба да биде активен, да користи повеќе начини за барање работа, да се потпре и на мрежата на контакти, да биде фокусиран, но и флексибилен и постојано да се презентира професионално.

„Најдобро е да ги комбинира двата пристапи. Огласите се добри затоа што компаниите веќе имаат отворена работна позиција, процесот е структуриран, јасно се знаат условите и барањата. Директното контактирање на компаниите е корисно затоа што покажува самоиницијатива и самодоверба, може да доведе до работна позиција која сè уште не е објавена и го изделува кандидатот од конкуренцијата. Подинецот треба да не се ограничува само на струката, но во ниту еден случај не треба да ја занемари. Најдобро е да се стави акцент на струката, но сепак, да се биде отворен и за други можности. Фокусот на работа по струка е добар бидејќи работникот ги користи веќе стекнатите знаења, вештини и диплома, има поголеми шанси за професионален развој, подобри можности за долгорочна кариера и развој и обично носи подобра плата на долг рок. Отвореноста за други можности исто така е од голема полза бидејќи го зголемува бројот на можности, особено ако пазарот е ограничен, работникот преку самоспознавање  може да открие нови интереси и таленти за кои може претходно не бил свесен дека ги поседува“, вели Томова.

Сепак, луѓето кои ја изгубиле работата, треба да настојуваат што побрзо да најдат нова, да не прават долги паузи затоа што на тој начин се оддалечуваат од професијата.

„Многу е важно да се реагира навреме и да не се дозволи долга пауза без работа. Ако поединецот остане пасивен и направи подолга пауза, враќањето на пазарот на труд станува потешко, а шансите за вработување се намалуваат. Кога поединецот останува подолго време невработен, се појавуваат низа ризици како губење на работните навики и професионалната рутина, застарување на знаењата, особено во професии што брзо се развиваат, помала конкурентност на пазарот на трудот, губење самодоверба и мотивација. Затоа поединецот не треба да остане пасивен туку да преземе иницијатива во неколку чекори: активно да бара работа, да аплицира паралелно на огласи и сам да контактира компании, да прифаќа привремени ангажмани, пракса или хонорарна работа и додека бара работа постојано да ги надоградува своите вештини преку посета на курсеви, обуки и слично“, советува Томова.

На оние кои останале без работа им се советува да го адаптираат своето CV, да размислат за своите вештини и каде би се пронашле во иднина, во кој сектор, да ги искористат социјалните мрежи за да се промовираат што сработеле. Се смета дека во просек седум лица се вработуваат секоја минута со помош на LinkedIn.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден