28 Јуни, 2024
0.0326

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kој ќе прави нереди на 4 февруари ќе одговара, а кумановци веќе најавија блокада

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

АКО НЕКОЈ ГО НАРУШИ МИРОТ НА 4 ФЕВРУАРИ ЌЕ ОДГОВАРА


Македонскиот премиер Димитар Ковачевски разговарал со бугарскиот технички премиер Галаб Донев, за претстојното чествување на годишнината од раѓањето на херојот Гоце Делчев и потенцирал дека оние поединци, без разлика дали се од Северна Македонија или Бугарија, кои ќе го нарушат мирот и безбедноста со своите активности ќе бидат соодветно санкционирани. На ист начин се очекува да постапи и бугарската страна.

Во владиното соопштение се потврдува одлуката која ја донеле Ковачевски и Донев во врска со одбележувањето на 4 февруари, односно дека соодветните служби и од македонска и од бугарска страна се задолжени во заедничка координација да обезбедат чествувањето на помине во мирна атмосфера.

КУМАНОВЦИ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ

Повик испратен до кумановци на социјалните мрежи ги повикува повикува граѓаните на  4-ти февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје за да  оневозможат бугарски националисти да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Во повикот, покрај блокада од страната на граничниот премин Деве Баир, се бара и блокада пред вториот граничен премин кај Делчево.

ПЕНДИКОВ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Окружното обвинителство на Софија поведе предистражна постапка за смртна закана упатена до претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Информацијата за БГНЕС ја соопшти портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

-Самиот Пендиков поднел пријава до надлежните во ГДБОП - МВР за тоа дека во апликација на социјална мрежа му била испратена заканувачка порака на македонски јазик. Како и министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, на интернет се објавуваат фотографии од претепаниот Бугарин со повици за насилство врз него.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Имаат рок да се пријават на владиниот оглас најдоцна до 8 февруари, а треба да исполнат одредени општи и специфични услови, но затоа ќе земаат сосема пристјни директорски плати утврдени согласно со владиниот коефициент.


Сезоната на грипови и другите вируси не попушта, а според последните податоци кои се од средината на јануари досега се регистрирани околу 1.400 заболени од неколку типови на инфлуенца. Но, за разлика од луѓето кои живеат во градовите и населените места со поголем број жители и влегуваат во оваа статистика, останатите, во селата кои едвај бројат жива душа, воопшто и не ги регистрираат бидејќи немаат пристап до лекар.


Оваа зима минува без некои позначителни снежни врнежи кои би формирале снежна покривка во градовите. Отсуството на снегот ќе има серија негативни ефекти во иднина од кои ќе трпиме последици. Дел од нив веќе се видливи.


Поевтината струја за компаниите не донесе и пониски цени на производите во продавниците. Цените на најголем дел од производите остана исти, повисоки иако изминаа два месеци откако компаниите добиваат поевтина енергија.


Во период кога Министерството за финансии најавува Измени на законот за финансиски друштва со кои нуди поголема заштита на граѓаните коишто ги користат нивните услуги, „Фактор“ направи уште една теренска и практична анализа за тоа колкава може да биде довербата на потрошувачите кај давателите на таканаречените брзи кредити.


Во енергетски и економски кризна 2022 година „Комерцијална банка“ кај своите коминтенти вбризга 100 милиони евра во кредити, повеќе од 2021 година. Добивката е за нијанса пониска од 2021 година, но секоја акција носи профит поголем од 15 евра што дава реални можности дивидендата да биде нешто над 10 евра нето по акција

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“