15 Март, 2025
0.0277

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвачевски и Мицкоски се соочија на дуел, двајцата се убедени дека ќе победат на изборите

Објавено во: Македонија 03 Април, 2024 21:18

Добивај вести на Viber

ДУЕЛ КОВАЧЕВСКИ - МИЦКОСКИ

До 2028 година ќе завршат преговорите, по две години ратификација ќе следи членство во ЕУ, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот на Канал 5 вечерва со политичкиот противник Христијан Мицкоски. 

„Вакви муабети дека водата е мокра, сонцето е топло, се изнаслушавме на вакви муабети“, рече Мицкоски. 

Тој додава дека по потпишување на договорот со Бугарија, се случи антагонизам меѓу двата народи, туристичките посети меѓу двете земји смета дека се намалени, а односите се влошени. 

Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема план како да станеме членка на ЕУ. Тој рече дека опозицијата сака да ја блокира иднината на државата. 

TOШКОВСКИ РЕАГИРА НА ИЗЈАВАТА НА БОЈМАЦАЛИЕВ ЗА УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски апелира да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата за убиството на лекарот во Железара. 

Тој денеска ги оцени како несериозни и непрофесионални изјавите од кој било функционер за убиството.

„Несериозни и непрофесионални изјави, не сум ги слушнал, но, ако е така како што велите, дека било кажано од страна на кој било функционер, можам слободно само да кажам дека станува збор за несериозна и непрофесионална изјава“, кажа Тошковски. 

Претходно, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за МИА потврди дека лекарот кој беше пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара, според досегашните сознанија, не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден.

АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА БОКИ 13

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“. Уважени се жалбите на Бојан Јовановски алијас Боки 13 и татко му Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и за Христина Блажевска –  кои се првостепено осудени, а апелационите судии ја потврдија ослободителната пресуда за екс-пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите и на правното лице „Меѓународен сојуз“ кој Кривичниот суд го задолжи да плати еден милион денари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се покажало дека климатските промени влијаат на миграциите на птиците.

ЕВН Хоме е повторно избран за нов универзален снабдувач на регулираниот пазар на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. 

Одлична добивка од 2,1 милиони евра објави нашиот градежен гигант „Гранит“. Сосема солиден резултат на една од најстарите и најстабилни македонски компании, дотолку повеќе што станува збор за зголемување за 178 проценти во однос на претходната 2022 година.

Нормак Инвестмент, операторот кој во јавно-приватно партнерство со државата е косопственик на индустриската зона во Тетово, доби лиценца за пробно работење од Регулаторната комисија за енергетика за изградба на голема фотоцентрала од 10 мегавати, Истовремено, Дирекцијата на ТИЗР пред неколку дена склучила договор со компанијата „Зобек Мајнинг“ за околу 6,5 милиони евра да го расчистува теренот за поставување на фотонапонски централи на земјиште во преостанатите шест индустриските зони.

На изненадување на целата инвеститорска заедница дивидендниот аутсајдер „Силк Роуд Банка“ ќе исплати бруто дивиденда од 41,6 евра по акција. Лани оваа банка имаше супер успешна година во која добивката по акција изнесува 211,5 евра.

Можеби ќе ве интересира

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци

Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија