ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија протера уште една група руски дипломати, Русија најави дека ќе има одговор
Објавено во: Македонија 15 Април, 2022 21:50
МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТИ
Министерството за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште шест руски дипломати
„Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи во земјава е повикан амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кому му се доставени дипломатски оценки, со кои шест дипломати и вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се прогласени за непожелни локално или персона нон грата“, објави МНР.
Од таму додаваат дека руските дипломати имаат рок од пет дена да ја напуштат земјата.РУСИЈА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ
Руската амбасада во Скопје излезе со коментар во врска со прогласување на шестмина дипломати за непожелни од страна на Министерството за надворешни работи, кое им даде рок од пет дена да си заминат од земјата.
БУГАРИЈА НЕМА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО ДО ЈУНИ
Бугарија нема да го тргне ветото за Македонија во јуни.
Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, како што пренесува БНТ вели дека нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на Македонија за во него да се впишат Бугарите како државотворен народ, а тоа е едно од клучните барања на Софија.
„Реално, до крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат Уставот и да го завршат овој процес“, рече таа.НОВИ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ ВО УКРАИНА
Тела на убиени цивили се најдени близу главниот град на Украина, Киев.
Властите велат дека убиените се цивили и дека немаат никаква врска со воени формации.
„Пронајдовме тела на 900 мртви цивили и им ги предадовме на форензичарите“, изјави на брифингот началникот на полицијата на Киевската област, Андриј Небитов.
Небитов рече дека повеќе од 350 тела биле извлечени од Буча.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




