27 Јули, 2024
0.0293

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минута молк за починатиот Благојче, властите си ја префрлаат одговорноста за набавката на лекот

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

ЗА ПОЧИНАТИОТ БЛАГОЈЧЕ, ВЛАСТИТЕ СЕ ОБВИНУВААТ КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА НАБАВКАТА НА ЛЕКОТ

По смртта на Благојче Илиевски од Битола, пациентот кој беше во најтешка состојба поради болеста цистична фиброза, денеска не стивнуваат меѓусебните обвинувања. Попладнево, министерот за здравство, Беким Сали, даде своја изјава, наведувајќи дека не сака да премолчи кога врз „ваква голема трагедија се прави евтин обид за политички поени“.

Ја пренесуваме изјавата во целост:

Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот. 

ТАРАВАРИ ВЛЕГУВА ВО ВЛАДАТА

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва потврди дека неговата партија влегува во Владата.

Негови кадри ќе раководат со Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања.

РАДЕВ СЕ ЗАКАНУВА СО ВЕТО

Бугарскиот претседател Румен Радев најавува вето за Македонија, а македонскиот премиер Димитар Ковачевски на ова одговори дека Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија. 

„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, рече Радев.

Ковачевски вели дека по досегашниот тек на скринингот, Македонија во еден од патоказите ќе потврди дека правата на малцинстгвата во земјава се на многу повисоко ниво од многу земји членки на ЕУ.

НАШАТА АРМИЈА ПОМАГА ВО ТУРЦИЈА

Армискиот тим од Македонија кој замина во Турција во спасувачка акција заедно со турските колеги успеа од под урнатините да спадат петгодишно дете. Акцијата траела шест часа, откако слушнале детски глас, а потоа уште четири часа го извлекувале преживеаното детенце

Тие се ангажирани во градот Кахраманмараш, а успешната акција се случила во во попладневните часови.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО СИРИЈА И ТУРЦИЈА

Бројот на загинати нагло се зголеми, сега ги има над 19.700. Се заканува уште поголема катастрофа, се наведува во новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.

Очајничката потрага по преживеани под урнатините продолжува четврти ден. Расте гневот во Турција поради бавниот одговор на владата на земјотресот. Градовите беа срамнети со земја. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба. Тој пристигна во погодените области дури вчера и призна дека има „недостатоци“ во одговорот на неговата земја на разорниот земјотрес.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Турците од различни градови нудат сместување за своите сонародници, чии домови се уништени во силниот земјотрес од 7.8 степени кој деновиве ја зафати земјата. Жители на Измир, Караман, Истанбул и други градови на ваков начин сакаат да помогнат.

Бакшиш преку картичка кај нас е невозможна мисија. Граѓаните не можат, иако сакаат да остават „награда“ за келнерите и останатите вработени во кафаните, кафулињата или другите услужни објекти, по електронски пат.

Операторот на гасоводната мрежа Номагас го објави повикот со кој се бара консултант за изградбата на гасоводот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Надзорникот ќе треба да ги надгледува сите работи кои вклучуваат изградба на двонасочен гасен интерконектор Неготино - Евзони на македонска територија, помеѓу системите за природен гас на Македонија и Грција. 

Независниот ревизор одбива да даде мислење за финансиското работење на државното „Водостопанство“ заради бројни недостатоци, нејаснотии и пропусти во работењето во 2021 година. За истата година оваа државна фирма, од чие работење онеме независниот ревизор, од централниот буџет добила над 2 милиони евра поддршка

Министерството за финансии вчера ги расчисти дилемите околу најновата, деветта по ред еврообврзница издадена на меѓународниот пазар, тешка 600 милиони евра. Со оглед на скапите пари поради инфлацијата кои владејат на светските пазари, за неа ќе платиме камата од 6,25 отсто, која е втора по својата висина по онаа од над 9 отсто, платена за еврообврзницата издадена во 2009 година, кога владееше големата светска економска криза.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“