ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најавен е полициски час, денеска има нови 316 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Март, 2021
МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Заострувањето на рестриктивните мерки е резултат на зголемувањето на бројот на новозаразените случаи, образложи денеска на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче, кој истовремено потенцираше дека овој бран не е толку силен, во споредба со есента, односно во ноември.
-Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени. Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка. Сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците во моментов, и затоа се овие мерки, рече Филипче.
Министерот истовремено појасни дека полицискиот час ќе трае две недели, а викендите нема да бидат исклучок.ДЕНЕС ИМА НОВИ 316 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 681 оздравени пациенти од:
Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп - 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод - по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (76,81г,79г,62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.ЗАЕВ ГО ЧЕСТИТАШЕ 8-МИ МАРТ И ПОБАРА ДА СЕ РАСЧИСТИ „ЈАВНА СОБА“
Премиерот Зоран Заев, честитајќи го празникот на жената - 8 Март, во своето видео-обраќање го повика Обвинителството да го расчисти случајот „Јавна соба“.
„Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени.
СЕ ОДРЖА СУДЕЊЕ ЗА „ТОРТУРА“
Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков од затворот Шутка денес беше донесен во судницата за случајот „Тортура“, предметот отворен за бруталното апсење на Љубе Бошкоски, претседателот на „оБединети за Македонија“.
Мијалков е во притвор скоро десет дена, пренесува Алсат, а покрај него, како сведоци денеска во судницата се присутни и неговата сопруга и двајцата синови, пренесува Алсат.
Ивица Коневски, поранешниот градоначалник на Аеродром, исто така е присутен. Тој е еден од главните иницијатори за организирање на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.