ФАКТОР НА ДЕНОТ: Наскоро ќе пристигнат руските вакцини, денеска има над 800 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Март, 2021
РУСКИТЕ ВАКЦИНИ ТРЕБА ДА СТИГНАТ ВО МАКЕДОНИЈА
Премиерот Зоран Заев денеска објави дека првите дози од руската вакцина Спутник V ќе пристигнат во недела преку ДХЛ. Рече дека станува збор за 3.000 дози од вкупно 100.000.
-Секој ден очекуваме конкретна информација, јас имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 дози, ама како да ја кажам ако не стигнат. Во недела ги очекуваме првите 3.000 да стигнат со ДХЛ, министерот Венко Филипче се организира со амбасадорот да ги пречека, а останатите 97.000 останува да пристигнат следната недела и по неа.
Конечно го имаме и договорот со Фајзер, рече Заев, нагласувајќи дека до крајот на месецов се очекуваат и тие 21.060 дози, како и од Ковакс механизмот, и тие се некаде меѓу 20.000-30.000 дози.ДЕНЕСКА ИМА НАД 800 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово - 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16,Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип – по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по – 4, Валандово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе,Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод – 1.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти од:
Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп - 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија – по 10, Штип и Струмица по – 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово – по 4, Кочани и Крушево – по 3, Кичево и Кратово по – 2, Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија- по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.БУГАРИЈА ГО ЕКСТРАДИРАШЕ ИГОР СПАСОВ
Бугарските органи позитивно одговорија на барањето на Министерството за правда за екстрадиција на Игор Спасов, полицаецот кој побегна од доиздржување на затворската каза за убиството на Мартин Нешковски.
„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата“, соопшти министерството.
Министерот за правда Бојан Маричиќ го потпиша барањето за екстрадиција на 10 февруари.ЛЕВИЦА, ДС, ВМРО-НП и ЛДП БАРААТ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП во Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.
Иницијативата наедно има и поддршка од СДСМ, иако сепак од таму велат дека ќе инсистираат на консензус при донесувањето на овој Закон, односно тоа да биде прифатливо и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.
Меѓу четирите пратеници како претставници на овие партии беше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Медиумите му забележаа дека останатите три партии се дел од коалицијата на владеачкото мнозинство, но тој вели дека во ваква ситуација ќе се здружи со кој било кој го има истиот интерес.УБИСТВО СЕ СЛУЧИ ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ
Синоќа во скопската населба Топанско Поле се случило двојно убиство.
Настрадале млади лица, на возраст од 24 и 28 години.
Од МВР настанот е потврден.
Полицијата добила пријава нешто пред три часот рано утрото, дека има пукање на булевар „Македонско - Косовска бригада“.
„По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило ‚цитроен' со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица“, изјавилер од МВР за медиумите.
Утврдено е дека убиените се двајца скопјани, А.Б. (28) и Б.В. (24).ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДОБИЈА БОНУС
Над 800 илјади евра легнаа кај 1.881 полицаец во земјава, како бонус плата за 2018 година.
Со оваа убава вест денеска на својот фејсбук профил се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1.881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари (825.000 евра), а поединечен износ на бонусот иснесува 24.276 денари.
Со ваква вест министерот се пофали и во декември лани, кога на 1.624 вработени во Министерство за внатрешни работи, како што тогаш соопшти Спасовски, од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Владата нема да дозволи да се пролонгира досатавувањето на завршните сметки на компаниите, како што тоа го бараат сметководителите.
Ова го кажа министериот за економија Крешник Бектеши, кој вели дека во Владата сметаат дека сметководителите и не биле толку многу погодени од пандемијата во претходната година.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.