25 Ноември, 2024
0.0268

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема полициски час, но ќе има контроли во општините каде има поголем број заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ПОЛИЦИЈАТА И ИНСПЕКТОРИТЕ ЌЕ ПРАВАТ КОНТРОЛИ ВО ОПШТИНИТЕ СО ПОГОЛЕМ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ

Владата ги задолжи МВР и инспекторатите да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус.

Владата на денешната 63-та седница во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 заклучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.

Утврдени се мерки за оние што ќе одбијат решение за самоизолација или што даваат лажни информации. 

На 63-та денешната седница е донесена Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба. 

„Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице“, информираат од Владата. 

НОВИ 87 ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД - 19

Во Македонија во последните 24 часа има 87 нови случаи на Ковид-19, и еден смртен случај. 

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

НИНЏА СВЕДОЧЕШЕ ЗА 27 АПРИЛ

Александар Василевски на денешното рочиште за организирање на крвавите протести во Собранието на 27 април сведочеше дека бил присутен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде што, како што вели тој, пари за движењето „За заедничка Македонија“ и неговите водачи.

„Но, Груевски не направи влада. Штабот на ВМРО-ДПМНЕ измисли протести ‘За заедничка Македонија’ со фиктивни водачи да глумат пред народот дека се водачи. На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка“, рече поранешниот организатор на овие протести познат во јавноста по прекарот Нинџа.

Рече и дека за масовноста на протестите бил задолжен поранешниот владин секретар Кирил Божиновски Обвинети за организацијата на нападот во Собранието се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, како и поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. 

Дамовски со својот фејсбук статус всушност алудира дека Нинџа сведочи во корист на Обвинителството, за кое, пак, неодамна излезе анкета дека довербата на граѓаните во оваа институција е на најниско можно ниво, односно има доверба од само два отсто.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Она што сите и го очекувавме, статистичарите и официјално го измерија и го ставија на хартија. 

Македонската економија почна да го плаќа цехот на корона кризата. Во првиот квартал од годинава бруто домашниот производ на земјава пораснал за само 0,2 отсто, што значи дека домашната економија ни се наоѓа буквално во стагнација.

Како кризата влијае на цената на недвижнините - се уште нема прецизни анализи, а според најновите податоци од Народната банка цената на становите во првиот квартал пораснала. Сепак во првото тромесечје годинава економските последици од коронакризата не беа воопшто значајни, односно речиси и да ги немаше.

Безмалку два милиони евра повеќе биле исплатени за една година од Фондот за здравствено осигурување за боледувања на работниците поради отсуство од работа во Македонија. Низ минатата година од ФЗОРСМ биле издвоени 868,3 милиони денари за работниците на боледување.

И по две децении многу малку е променето во пракса во однос на постапувањето со отпадот. Тогаш, како и сега имаме само една депонија – Дрисла, која задоволува одделни стандарди. Тогаш, како и сега на улиците можеме да видиме отпад кој е расфрлан насекаде.

Д-р. Владимир Лазаревик, експерт по јавно здравје за Фактор изјави дека многу збунувачки делуваат контрадикторните пораки упатени кон населението во однос пренесувањето на вирусот од страна на асимптоматските случаи, а позитивни на Ковид-19.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа