ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 127 заразени со коронавирусот, а три лица починаа
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Јуни, 2020
И ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, информира министерот Венко Филипче. Од нив од Скопје се 67, од Штип се 33, тетово 10, Куманово 1, Дебар 1, Струга 5, Охрид 6, Кочани 2, Пробиштип 2. Во исто време од Кoвид-19 починале тројца пациенти.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.УТРЕ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА ЗА РЕСТРИКЦИИ НА ДВИЖЕЊЕТО
Во последните 24 часа се направени 702 тестови и регистрирани нови 127 заразени, изјави денеска на прес - конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Починати се три лица, едно лице од Куманово, и двајца починати од Скопје, од Чаир и Сарај.„Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири“, вели министерот.
Филипче рече дека е подобрена соработката со граѓаните, а многу од новите случаи се со лесна клиничка слика или се без симптоми.
90 отсто во Скопје паѓаат во 41 кластер, како што објасни министерот. Повеќето луѓе се заразени пред две седмици.
Ако се гледа за седум дена, жариштата се задржани, и нема ширење надвор од нив.Д-р Жарко Караџовски денеска на прес - конференција изјави дека најголем број од новите заразени од коронавирусот, се на возраст над 60 години.
Понатаму, најзастапени се пациентите на возраст над 50 години.
Вели дека инкубацијата на вирусот е 5 до 7 дена.
„Вториот бран ни се појави сега, и тој ќе се поклопи со бројот на заразени од април месец“, изјави Караџовски.
Тој рече дека е крајно разочаран од непочитувањето на мерките за заштита, и во време кога Европа ги олабави мерките, кај нас порасна бројот на заразени.Директорот на Центарот за јавно здравје - Скопје, д-р Арбен Зибери денеска на прес - конференција изјави дека oние кои се позитивни и се без симптоми, се лекуваат дома, а оние кои имаат лесна слика, или се лекуваат дома, или се хоспитализираат.
Во Чаир има 169 активни случаи, односно најмногу. Понатаму, голем е бројот на заразени во Бутел, Сарај, Арачиново.
60 отсто од вкупниот број на заразени во Скопје се асиптоматски.КОРОНАТА ВЛЕЗЕ И ВО ВЛАДАТА
Двајца вработени во Секретаријатот за европски прашања се позитивни на коронавирусот. Информацијата ја потврди и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој рече дека тие лица се во изолација.
„Сите контакти се тестирани и се негативни. Јас не сум бил во контакт со нив но секако се тестирав уште завчера и сум негативен. Веднаш почнавме процес на реорганизација, дезинфецирање на целата зграда по препораките. Ние сме свесни, како што имаше и Комисијата за заразни болести дека заболени сега ќе има секаде, но работата не смее да застане. Ќе се органзиираме согласно протоколите, рече Османи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.