ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 52 позитивни на Ковид - 19, Филипче разочаран од непочитувањето на мерките
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Мај, 2020
ПОРАСНА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, НОВИ 52
Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Од Комисијата за заразни болести која се уште држи состанок, за Фактор потврдуваат дека бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 52.
Велат зголемувањето на бројот на нови заразени пациенти можело и да се очекува, особено по укинувањето на рестриктивните мерки.
Инаку, најголемиот број новозаразени се од веќе вчера споменатите скопски општини, Сарај, Чаир, Бутел....МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ РАЗОЧАРАН ОД НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ
Состојбата ќе ја следиме интензивно, и доколку и понатаму расте бројот на заразени граѓани од одредени општини, а само поради фактот дека не се почитуваат мерките кои ги препорачуваме, во текот на следната недела ќе ја разгледаме можноста за воведување карантински мерки во тие општини, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
Најкритично, според него е во општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.
-Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките беа индикатор да направиме контроли за степенот на почитување на мерките и за спроведување на процесите со епидемиолошките препораки. Во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и на сите изречени мерки, односно не се носта маски и не се држи потребното растојание.
Во Штип е утврдено непочитување на протоколот за транспорт на вработените во конфекциските фабрики.Доколку продолжи тенеденцијата на голем број на позитивни случаи на заболени од Ковид-19 не се исклучува можноста за повторно враќање на рестриктивни мерки, предупреди денеска премиерот Оливер Спасовски.
Техничкиот премиер денеска пред медиумите во Крива Паланка рече дека државата постојано не може да остане во вонредна состојба.и укажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период.
Денеска повторно во Владата ќе се разговара и ќе се проценува дали ќе биде продолжена повторно вонредната состојба во државата, а утре претседателот Стево Пендаровски треба да одлучи дали тоа ќе биде сторено.АМЕРИКАНСКИ И ГРЧКИ ВОЕНИ АВИОНИ ГО ПРЕЛЕТАА СКОПЈЕ
Денеска точно попладне два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.
Прелетит беше во чест на нашето членство во НАТО. Авионите летаа долж реката Вардар, а дојдоа од правец на скопскиот аеродром.
Станува збор за два американски Б-1Б Лансери кои се сметаат за основа на американските бомбардерски сили на долг дострел, придружувани од четворица грчки ловци Ф-16.
Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Услужните дејности за обезбедување имот и лица имаат голем потенцијал и се солиден бизнис.
Ангажираат голема работна сила, на пазарот опстојуваат по дваесетина и повеќе години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.